fbpx

Заев во Илинден: СДСМ ќе ја добие честа да ја води државата

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со членовите на извршниот одбор на партијата, Пеце Мирчески и Тања Ковачев, денеска ги посетија жителите на општина Илинден.

За време на средбата, граѓаните, како што се наведува во соопштението од партијата, се пожалиле дека само 90 од 2.500 куќи во селото се приклучени на пречистителна станица, оти сè уште не им е решен проблемот со канализацијата и оти во амбулантата немаат лекари кои ќе им пружат здравствена нега. На средбата жителите се пожалиле дека градинката не може да ги задоволи потребите бидејќи има капацитет за 60 деца, а селото има потреба за 400 деца.

– Ова лажливо општество мора да го прекинеме и нема кој друг ако не ние заедно. Со народни пари ги лажат луѓето по телевизиите. И самите кажувате дека ниеден проект со којшто се фалат не функционира. Украдоа милиони евра пари на граѓаните за тендери и за сопствени интереси, но тие пари ќе мора да ги вратат – рече Заев.

Лидерот на СДСМ на граѓаните им ги објасни некои од мерките во програмата на партијата, кои имаат цел да се вратат парите на граѓаните и истакна дека „власта на Груевски како ранет лав не прифаќа прочистување на избирачкиот список затоа што се фатени во криминалот што го правеле“.

– Илјадници фантомски гласачи имало и овде, во Илинден и овој регион. Затоа од прочистен избирачки список и од објективно известување на медиумите нема да се откажеме. Мора да има фер и регуларни избори, а на тие избори власта ќе биде сменета и СДСМ ќе ја добие честа да ја води државата. Од вас ја црпеме силата, издржете, ова е крајот на криминално-корупциската власт што им одзеде 10 години живот на граѓаните на Република Македонија –  порача Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...