fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави пустош зад себе

-

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, и СДСМ продолжуваат со притисоците од деструктивна природа кои имаат единствена цел да го попречат нормалното функционирање на Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на Наумов.

„СДСМ и Кире Наумов прават сè за да го спречат спроведувањето на законот за буџет. Аукциите на државни хартии од вредност се предвидени со буџетот за 2016 година. Буџетот за 2016 година е гласан и одобрен од пратениците на Собранието на Република Македонија, кои, пак, се гласани од народот. За потсетување, СДСМ уште во 2004 година ги воведе аукциите на државни хартии од вредност со кои се финансира буџетот во сите европски земји“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Наумов и СДСМ им се закануваат на банките и неколкупати добиваат жестоки одговори на нивните закани.

„Овојпат банките се поштедени од заканите на Наумов и на СДСМ, но не е поштедена и јавноста од нивната наводна грижа за јавниот долг. Половина од јавниот долг за кој е загрижен Наумов е наследство од СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека СДСМ освен што ја задолжи Македонија, оставила пустош зад себе поради кој народот ги казнува веќе девет изборни циклуси по ред.

„За разлика од неработењето на СДСМ, во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што се враќаат кредитите на СДСМ, се градат автопатишта во вредност од речиси милијарда евра, изградени се 510 километри регионални патишта, изградени се 350 локални патишта, изградени се 70 нови училишта, реконструирани се 350 училишта, изградени се 80 нови спортски сали, 35 фудбалски игралишта, 51 повеќенаменско игралиште, 39 тениски игралишта, 46 нови детски градинки, набавена е модерна опрема и лаборатории за болниците, намалени се партиципациите за студирање, се реконструираат студентските домови и се градат нови. Просечната пензијата од 2006 година наваму е зголемена за 70 отсто, а исплатени се и повеќе од 800 милиони евра субвенции за земјоделците. Ова се бројките и фактите што ги фрлаат во очај и Наумов и СДСМ, поради што безнадежно се обидуваат да го спречат нормалното функционирање на државата и спроведувањето на Законот за буџет“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...