fbpx

Комисијата за надзор на работата на УБК и на АР во работна посета на институциите

-

Претставниците на Собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска во просториите на УБК одржаа работна средба, на која од страна на Управата беше презентирана актуелната безбедносна состојба во Македонија од аспект на екстремизам, тероризам, илегална миграција и бегалската криза.

Како што соопштија од МВР, на состанокот се разговарало и за активностите што Управата во согласност со законските надлежности ги презема на планот за спречување и за детектирање на заканите и на ризиците од загрозување на уставното уредување на Македонија, вклучително и тероризмот.

„Акцент беше ставен на мигрантската криза како актуелен безбедносен проблем, особено од аспект на можно инфилтрирање на странски терористички борци меѓу мигрантите. Во таа насока беше истакната потребата од зголемување на мерките и на активностите во правец на идентификување, превенција и на пресекување на протекот на борци што доаѓаат од кризните жаришта“, стои во соопштението.

Директорот на Управата изразил благодарност за поддршката и за интензивираната соработка меѓу Комисијата и УБК, со што се создаваат реални услови за поефикасно остварување на контролата и на надзорот на УБК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...