ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ има најголем интерес од одлуката на Уставниот суд

-

Социјалдемократскиот сојуз денеска во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуката на Уставниот суд, велат од владејачката партија и додаваат дека нивните сомнежи се дека токму СДСМ „има најголем интерес за една ваква одлука“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложиле измените во Законот за помилување со кои не може да има помилување за одредени категории на осуденици, односно за тие на кои им е одредена казна за дела поврзани со изборите, педофилија и слично.

„ВМРО-ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од Бранко Црвенковски. СДСМ денеска во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуката на Уставен суд. Затоа ВМРО-ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука. Впрочем, медиумите неодамна објавија дека Специјалното јавно обвинителство без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...