четврток, 11 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Закон за помилување | 34 резултати

Собранието ја изгласа селективната аболиција

19 мај 2016

Собранието попладнево експресно, без дебата ги изгласа измените и дополнувањата на четири Закони, меѓу кои и Законот за помилување, со кои на претседателот на државата му се овозможува да ја повлече аболицијата за оние лица кои тоа ќе го побараат од него. За дополнувањето на Законот за помилување „за“ гласаа 63 пратеници и ниту еден […]

Пратениците денеска ќе расправаат за неколку закони по скратена постапка

19 мај 2016

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска свика уште една седница на која треба да се расправа за шест закони. Подносители на сите закони се координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Илија Димовски и Талат Џафери. Предвидено е за сите предлог-закони да се расправа по скратена постапка. Иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од […]

Уставниот суд утре ќе расправа за уставноста на распуштањето на Собранието

17 мај 2016

Уставниот суд утре, во 9 часот, ќе расправа по иницијативата за испитување на уставноста и на законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, што во петокот ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива е објавена утрово, на интернет-страницата на Уставниот суд. Имено, променет е […]

Собранието не ги прифати предлог-измените на Законот за помилување на СДСМ

28 март 2016

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Собранието на Република Македонија, ги одби предлог-измените на Законот за помилување, кои ги предложи опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски рече дека по срамната одлука на Уставниот суд за укинување на измените на Законот за помилување од 2009 година, на претседателот му е дадена […]

Извештајот на Катица Јанева денеска пред пратениците во Собрание

28 март 2016

Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци денеска ќе се најде пред пратениците во Собранието и пред Советот на јавни обвинители. Ова ќе биде четврта седница на Советот на која на дневен ред е Извештајот, […]

Габер, Дарлишта, Старова и Мурати: Укинувањето на Законот за помилување е целосно неосновано

25 март 2016

Уставните судии Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Гзиме Старова и Сали Мурати денеска излегоа со издвоено мислење за измените на Законот за помилување, кои Уставниот суд ги укина на 16 овој месец, со што на претседателот му се овозможи да помилува лица што се гонети или осудувани за изборен криминал, педофилија и за трговија со дрога. Во […]

СДСМ со закон ќе ја пополнува дупката на Уставниот суд во Законот за помилување

23 март 2016

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за помилување, со кој, како што велат од опозициската партија, ќе се пополни правната празнина што ја создаде Уставниот суд со одлуката да му се овозможи на претседателот на државата да помилува лица осудени или кои кривично се гонат за изборни измами, […]

СЈО: Не ја коментираме одлуката на Уставниот суд за Законот за помилување

18 март 2016

Специјалното јавно обвинителство не ја коментира одлуката на Уставниот суд со која се укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година и му се даде право на претседателот на државата да помилува лица кои се осудени или кривично се гонат за изборни измами. Ваквата одлука на Уставниот суд, во јавноста се толкува како интервенција […]

Трајанов бара закон за одговорност на уставните судии кои го кршат Уставот

17 март 2016

Отворање постапка за донесување закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради прекршување на Уставот, а на сегашните судии да им престане мандатот, бара партијата Демократски сојуз на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. Од партијата преку соопштение велат дека со одлуката на Уставиот суд за укинување на одредби од Законот за […]

Груевски: Избирачкиот список е работа на ДИК, а наша се изборите на 5 јуни

17 март 2016

Државната изборна комисија треба да си ја заврши својата работа со избирачкиот список, а работа на ВМРО-ДПМНЕ е да ја следи одлуката на Собранието изборите да се одржат на 5 јуни, изјави денеска претседателот на владејачката партија, Никола Груевски. – Парламентот донесе одлука изборите да бидат на 5 јуни и ние сме целосно подготвени да […]

Китески: Одлуката на Уставниот суд непотребно се политизира

16 март 2016

Подносителот на иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување, охридскиот адвокат Ристо Китески, смета дека одлуката на Уставниот суд е демократска и правно издржана, но, вели, му пречи политизацијата на случајот. – Штом сум ја поднел, сметам дека е основана иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување. Ми пречи што иницијативата доби […]

Уставниот суд остана глув и реши да дозволи помилување за изборен криминал

16 март 2016

Уставните судии на денешната седница со мнозинство гласови, пет спрема четири, одлучија да ги укинат измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, информираат од судот. Со оваа одлука на судот, повторно му се враќа можноста на претседателот на државата да помилува и да аболира лица гонети или осудени за изборен криминал, педофилија и нарко-дилери. Како што информираат […]

Амбасада на САД: Зошто седницата на Уставен суд е затворена?

16 март 2016

Со хаштагот „Прашање на денот“, Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска на „Твитер“ праша „Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавност? Транспарентноста е клучна за секоја институција“. Оваа порака преку својот твитер-профил ја објави и британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет. Денеска Уставниот суд на Македонија на седницата, која почна точно во 9 часот, […]

Уставниот суд одлучува дали ќе има помилување за изборни измами

16 март 2016

Уставниот суд на Македонија на седницата која почна денеска точно во 9 часот решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година. Поради оваа […]

Оставки од судиите кои го узурпираат Уставниот суд, побараа граѓаните на протестот

15 март 2016

Неколку илјади граѓани кои протестираат под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“ и кои тргнаа од Владата, се собраа пред објектот на новиот Македонски народен театар. Таму е поставена ограда која ја чуваат неколку десетици полицајци, а зад нив има оклопни возила и припадници на специјалните полициски сили. Тие не им дозволуваат да […]

Хелсиншки комитет: Кој и зошто донесе одлука да се затвори седницата на Уставниот суд?

15 март 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја повика претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, да даде образложение поради која причина и на кој начин е донесена одлуката за исклучување на јавноста за време на утрешната седница. „Сметаме дека Уставниот суд не смее да ја продолжи тенденцијата на нетранспарентност на институциите и да дозволи поинакво дефинирање на […]

Група граѓани ги блокираа приодите кон Уставниот суд

15 март 2016

Неколку стотици граѓани попладнево се собираа пред Уставниот суд за, како што велат, одбрана на институциите на Република Македонија. На протестот има претежно млади луѓе и пензионери, кои тврдат дека доброволно и самоиницијативно дошле да го бранат уставниот поредок на државата. Пред насобраните граѓани се обрати и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој ги повика […]

Протестите ја затворија седницата на Уставниот суд за помилување на изборниот криминал

15 март 2016

Седницата на Уставниот суд што треба да се одржи утре и на која судиите треба да расправаат за враќање на правото на претседателот да помилува лица осудени за изборен криминал е затворена за јавноста. Оваа информација пред малку беше објавена на интернет-страницата на судот, иако според членот 83 од Деловникот на судот, седниците се јавни. Неофицијално, […]

Груевски: СДСМ го менува ставот за законот за помилување, не ВМРО-ДПМНЕ

14 март 2016

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за помилување останува ист како и во 2009 година кога поднесовме измена на законот со која што побаравме укинување на одредени можности на претседателот поврзани со помилувања на одредени категории на лица“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Клиниката за гинекологија. Коментирајќи ги најавите на опозицијата […]

Седницата на Уставниот суд за Законот за помилување ќе биде јавна

11 март 2016

Сединицата на Уставниот суд закажана за среда (16 март), на која ќе се одлучува дали на претседателот на државата ќе му се врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или ќе остане актуелното решение во Законот за помилување, ќе биде отворена за јавноста, велат за „Мета“ од Уставниот суд. – Судот секогаш бил отворен […]

Страна 1 од 2