fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не одговараше за криминал благодарение на Црвенковски

-

„Аболираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и на манипулациите.
Аболираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил 5 или 6 милиони евра во времето додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на претседателот на СДСМ дадена на Меѓународната конференција „Обезбедување на базичните услови за демократска Македонија“.

„За аболираниот мултимилионер Зоран Заев еден милион евра е незначителна разлика. Аболираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека се залага за враќање на средната класа, а според истражувањата на медиумите, бизнисите на неговите фирми остваруваат фрапантни приходи од 12 милиони евра. Аболираниот мултимилионер Зоран Заев сега го напаѓа Уставниот суд, а токму неговата сопартијка и сограѓанка Цветанка Иванова во 2009 година тврдеше дека противуставно било да се крателе ингеренциите на претседателот предвидени во Законот за помилување. Јавноста памети дека благодарение на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, аболираниот мултимилионер Зоран Заев тогаш не одговараше за криминал тежок 8 милиони евра“, стои во соопштението.

Аболираниот мултимилионер Зоран Заев, пишува понатаму, зборува за слободни медиуми и за слобода на говор, а предлага законски решенија со кои се воспоставува цензура, инсталација на Сорос и на СДСМ за да може да се пресметува со тие што не размислуваат како него.

„Ова е нивото на демократскиот капацитет на Заев и на СДСМ, пресликан од ИД или Северна Кореја. Аболираниот мултимилионер Зоран Заев обвинува дека недостигала инфраструктура во општина Илинден, но заборава на пустелијата што зад себе ја остава во Струмица. Оттука ја разбираме потребата на аболираниот мултимилионер Зоран Заев да се крие зад манипулации, флоскули, паушалност и зад голи лаги за да ги покрие својата неспособност и безидејноста. Во Струмица од најавените 300 фабрики и 3.000 работни места, остана празната ливада во индустриската зона во Сачево. Од оваа општина, Заеви си направиле приватна сопственост, во која за секоја работа едно евро оди кај Вицето. Казната за ваквата деструктивна политика на СДСМ пристигнува и ќе го стаса по десетти јубилеен пат по ред. Од тоа бегање им нема“, се заклучува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...