Заев за „Ал Џезира“: Изборите да се одржат на почетокот од летото

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Ал Џезира Балканс“ вели дека нема никакви шанси опозицијата да излезе на избори на 24 април.

– Две се клучни причини за ваквата најава. Прво е избрачкиот список, кој не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по двапати, а такви, според информациите што ги има опозицијата, се повеќе од 100.000 или 12 проценти. Изборите може да ги пресудат неколку проценти од гласачите и затоа опозицијата нема да се согласи да излезе на 24 април. За прочистување на избирачкиот список, потребни се повеќе од сто дена, што значи дека изборите би биле на почетокот од летото. Се надеваме дека нема да има потреба за бојкот на изборите. Знаат и малите деца дека не може да се исполнат условите до 24 април — прочиситување на избирачкиот список и регулација на медиумите. Но, ако има избори на 24 април, опозицијата сигурно нема намера да ги гледа на телевизија – рече Заев.

Водителката Мирјана Хрга рече дека од ВМРО-ДПМНЕ повторно одбиле да учествуваат во емисијата иако неколку дена упорно ги барала и чекала одговор од партијата.

– Денеска ми се случи нешто што не паметам дека ми се случило во 20-годишната кариера. Портпаролот на партијата задолжен за таа работа, да ми одговори на повикот, кога слушна кој го бара, повеќе не ми се јави. Тешко во такви услови да се вкрстат аргументите – рече Хрга.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...