fbpx

Францускиот парламент го поддржа одземањето на државјанството на терористите

-

Францускиот парламент доцна синоќа ја усвои уставната измена што овозможува да им се одземе француското државјанство на лица што се осудени за тероризам.

Уставните измени се предложени по терористичките напади во Париз, извршени на 13 ноември. Во нападите загинаа 130 лица, а повредени беа повеќе од 350.

Одземањето на француското државјанство би се однесувало на осудени лица кои имаат двојно државјанство, но и на тие што имаат само француско државјанство, со што тие би станале апатриди.

Француската влада се повикува на дел од конвенцијата на ОН од 1961 година, според која, на државите им се овозможува да им го одземат државјанството на лицата што се осудени за тероризам и за други дела кои ги загрозуваат суштинските интереси на државата.

Пратениците денеска ќе расправаат и за воведување закон за вонредна состојба меѓу основните уставни закони.
Франција воведе вонредна состојба по париските напади и таа ќе трае до 26 февруари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...