fbpx

Заев: Јас дишам за фер и демократски избори

-

Сите лица што моментално се во притвор да се ослободат, побара лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната граѓанска дебата за слободно општество и за социјална правда, што се одржува во „Холидеј ин“ во Скопје.

Тој праша зошто ситни криминалци се во притвор кога осомничени за злосторничко здружување се на слобода. Според него, одлуките на Кривичниот суд кои се однесуваат на осомничените во процесот „Титаник“ докажуваат дека судот селективно ја користи мерката.

Тој уште еднаш испрати порака дека следните избори што ќе се случат во Македонија, мора да бидат фер и демократски.

– Во Македонија мора да има фер и демократски избори, јас за ова дишам. Не знам каде ќе ме викнат утре на средба, но денеска сум тука и слушнав многу корисни работи. Не можат само партиите или само невладините организации да ја извојуваат оваа битка, мораме сите заедно – порача Заев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...