fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев се сретнал со родителите на момчињата ликвидирани кај Смиљковско Езеро

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се сретнал со родителите и со роднините на момчињата што беа убиени кај Смиљковско Езеро во масакрот што се случи на Велики четврток - 12 април 2012 година. Горан Накевски, татко на Александар, еден од ликвидираните крај езерото, ни рече дека на средбата побарале од Заев да им ги даде материјалите што ги поседува. Портпаролот на...

Заев на распит во Обвинителството за поткуп од 200.000 евра

На распит во Јавното обвинителство денеска треба да се јави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој е повикан поради обвинувањата за корупција, под сомнеж дека побарал 200.000 евра мито од бизнисмен во Струмица. За ова дело Заев беше во обвинителството во петокот. За медиумите тој изјави дека случајот е обид за местење, нарачан од власта. Сепак, тој истакна дека одговорил на поканата...

Заев се сретна со белгискиот министер Рејндерс и со турскиот амбасадор Солендил

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во две одделни средби се сретна со министерот за надворешни работи и за европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, и со амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Солендил. На средбата со белгискиот министер Рејндерс разговарале за нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудството, на медиумите и на државниот систем од власта и за...

Заев: Груевски лично командувал со акцијата за амнестија

Во следните разговори, според Заев, Јанкулоска во разговор со Трајко Вељаноски зборува за тоа што треба да им се даде на Албанците. Таа му се жали дека премногу им дале на Албанците и дека два дена не спиела од мака. Јанкулоска зборува со советничката на Груевски, Билјана Бришковска-Бошковски. Таа ѝ објаснува на министерката за автентичното толкување и како тоа би...

Заев: Како Груевски ги договарал законите за хашките случаи

„Никола Груевски бил алчен, грабал сè што ќе му дојде до рака. Тоа го видовме со проектот „Скопје 2014“. Материјалите открија дека човекот немал ниту совест, ниту сочувство. Денеска ќе расветлиме уште едно лице на Никола Груевски. Ќе симнеме уште една маска. Од снимките ќе се уверите дека за да остане на власт, ниту го интересираат нацоналните интереси, ниту...

СДСМ со нов протокол за присуство на „бомбата“

На прес-конференцијата на СДСМ, на која треба да се обрати лидерот Зоран Заев, се чини дека има нов протокол. На влезната врата стои обезбедување, а партиските членови кои беа дел од прес-конференциите ги пуштаат откако ќе влезат новинарите. Последната „бомба“ од седиштето на СДСМ предизвика реакции во јавноста, по исвиркувањето на новинарите кои му поставуваат прашања на Заев. За недоличното однесување на присутните...

Заев на распит во Обвинителството

На распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“ денеска треба да се јави претседателот на СДСМ, Зоран Заев. На последниот распит му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење. Заев е четвртоосомничен во случајот „Пуч“. Покрај него, осомничени се и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга и вработен во Општина Струмица. Досега во овој случај има еден осуден, вработен во МВР,...

Заев им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово, Велигден, на бискупот, скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, како и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија. „Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки Вам и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник...

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува збор за набавка на опрема...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ направија удар врз безбедносниот систем

ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од обидот на Зоран Заев и на СДСМ да направат удар врз безбедносниот систем на Република Македонија и врз капацитетите на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи, стои во реакцијата на партијата. „Особено сме фрапирани од атакот кој Зоран Заев го направи спрема пријателски држави кои многупати досега ѝ помагале на Република Македонија. Зоран Заев, според информациите...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно сака да ја наруши стабилноста на државата

Лидерот на СДСМ му нанесува директна штета на безбедносниот систем и на капацитетот на институциите задолжени за безбедноста на граѓаните и на државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ објавена по денешната прес-конференција на СДСМ. - Во минатите два месеци се изнаслушавме секакви обвинувања, манипулации и лаги, но ова денеска е врвна неодговорност на Зоран Заев, не кон нас, туку кон...

МВР: Заев откри највисока државна тајна

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Заев, ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ. МВР наведува дека осомничените за аферата „Пуч“ очекуваат ослабување на капацитетите и...

Заев: Само пари и моќ им биле важни на Груевски и на Мијалков

„Денеска ќе откриеме уште еден корупциски скандал кој е поврзан со директорот на УБК, Сашо Мијалков, а зад кој стои премиерот Никола Груевски. Во овие разговори не се зборува за шифри. Тука се зборува за реални суми и за бизниси преку Русија и Унгарија. Станува збор за набавка на опрема на специјалната полиција“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на...

И Борисов и Расмусен биле прислушувани за време на посетите во Македонија

Високи претставници на НАТО и на земји-членки на ЕУ биле прислушувани за време на своите посети во Македонија, изјавил лидерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција „Фокус“. На снимените разговори, кои ги поседува Заев, се наоѓал поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, за време на неговата посета на Скопје, на 22 мај 2014 година, како и бугарскиот премиер...

Заев во Обвинителството на распит

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал, во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра, јавува „Прес 24“ (Press24). Според кривичната пријава на полицијата, градоначалникот на Струмица ја побарал оваа сума пари од извесен струмички бизнисмен за да му овозможи приватизација на градежно изградено земјиште. Тој, повеќепати беше повикан во врска...

Твитер-реакции: Спакувајте ги за да си одат

Според аудиоснимките што денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, премиерот Груевски договарал проценти и провизии и правел незаконски упади во тендерски постапки. На социјалните мрежи се појавија серија коментари дека процентите, што според Заев, ги земал Груевски, се пари украдени од народот. Дел од твитерџиите го коментираат и делот од разговорот во кој Груевски вели дека доцни и...

Заев: Невозможна мисија е дијалог без посредник од Брисел

Лидерот на опозицијата на прес-конференцијата објави и разговор помеѓу Миле Јанакиески и неговата сопруга. Во разговорот Јанакиески ѝ зборува, преправајќи се дека зобрува кинески, алудирајќи на преговорите со Кинезите. Јанакиески ѝ вели дека треба да ги испрати Кинезите и дека е премногу изморен. На прашањето дали Заев мисли дека ја губи довербата од албанските граѓани со тоа што ги крие разговорите на албанските партии, лидерот...

Заев: Јанакиески и Груевски договараат провизии

Во следните разговори што беа обелоденети на денешната прес-конференција во седиштето на опозицискиот СДСМ, според Зоран Заев, се слуша како Груевски прави притисок врз Јанакиески за барокните фасади. Во разговорите, според Заев, Груевски му ветува дека нема да биде вовлечен во криминал. Груевски му сугерира на Јанкиески да завршат со фасадата на ЕВН и на „Сити галери“. Министерот му одговара...

Нова „бомба“ на Заев: Еве како Груевски местел тендери и кршел закони

„Ветивме дека целaта вистина за злосторството врз нашиот народ ќе ја објавиме. На сите им е јасно и покажавме колку бил нечесен Никола Груевски. Формирал офшор-компании за негови интереси. Денеска ќе бидеме сведоци на суровата вистина дека сите овие години тој ги злоупотребувал законите. Ќе видите како местел тендери, како кршел закони, како делел тендери за железницата и за автопатиштата“, рече...

„Прес 24“: Заеви купиле багатела куќа на плажа на Халкидики

Според порталот „Прес 24“, првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви, на крајот од 2012 година, купиле ексклузивна куќа на три ката на Халкидики во Неа Мудања, Грција, за помала цена од реалната вредност на таков имот. „Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 квадратни метри. За неа, според документите со кои располага „Прес 24“, тие...

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...