fbpx

Нова „бомба“ на Заев: Еве како Груевски местел тендери и кршел закони

-

„Ветивме дека целaта вистина за злосторството врз нашиот народ ќе ја објавиме. На сите им е јасно и покажавме колку бил нечесен Никола Груевски. Формирал офшор-компании за негови интереси. Денеска ќе бидеме сведоци на суровата вистина дека сите овие години тој ги злоупотребувал законите. Ќе видите како местел тендери, како кршел закони, како делел тендери за железницата и за автопатиштата“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Во првиот објавен разговор, помеѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски, директор на РЕК Битола, договараат местење тендер за ископ на јаглен.

Во разговорот Груевски му вели на Чинговски дека се видел со „кратовчанецот“ и оној што има автомобил „сеат ибица“ да им помогне „во тоа што треба“. Груевски му сугерира тоа да го организира тој и дека е јасно зошто „кратовчанецот“ им е битен. Исто така, вели дека и тој со автомобилот имаат добра соработка и не е лошо да го измамат.

Во вториот разговор, според Заев, се слуша како Груевски го мести тендерот за пругата Куманово – Бељаковце.

Во аудиоснимката се слуша разговор на пемиерот со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кои зборуваат за тој тендер. Груевски бара документација и му сугерира да му ја „донесе Урко со плико“.

Во следната објавена снимка, разговараат за документацијата која Јанакиески му ја пратил и зборуваат во шифри со првите букви за земјите и кои компании поднеле документација за тендери. Државите ги именуваат со првите букви на имињата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...