fbpx

„Прес 24“: Заеви купиле багатела куќа на плажа на Халкидики

-

Според порталот „Прес 24“, првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви, на крајот од 2012 година, купиле ексклузивна куќа на три ката на Халкидики во Неа Мудања, Грција, за помала цена од реалната вредност на таков имот.

„Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 квадратни метри. За неа, според документите со кои располага „Прес 24“, тие платиле 110.000 евра. „Прес 24“ во моментов располага само со еден од трите договори преку кои било извршено плаќањето. Овој договор е склучен на 20.000 евра, а нашиот извор вели дека таа се продала преку уште два договора, со што се достигнал вкупниот износ од 110.000 евра. На него јасно се гледа дека семејството Заеви станува сопственик на оваа екслузивна хациенда на Халкидики во Грција. Ексклузивната куќа на Заеви се наоѓа на самата плажа во Неа Мудања на Халкидики. Пребарувањата низ грчките агенции за недвижности покажуваат дека реалната вредност на ваков имот е далеку повисока од сумата што наводно Заеви ја платиле за оваа куќа. Имено, куќа со иста површина на првата линија до морето, како трикатната куќа на Заеви, не може да се најде по цена пониска од 300.000 евра. Се поставува прашањето, како семејството Заеви успеа да купи куќа по цена трипати пониска од реалната? Јавноста очекува одговори на прашањата зошто некој би продал куќа која вреди повеќе од 300.000 евра за 110.000 евра и дали куќата е некаков подарок“, пишува „Прес 24“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...