fbpx

Заев: Како Груевски ги договарал законите за хашките случаи

-

„Никола Груевски бил алчен, грабал сè што ќе му дојде до рака. Тоа го видовме со проектот „Скопје 2014“. Материјалите открија дека човекот немал ниту совест, ниту сочувство. Денеска ќе расветлиме уште едно лице на Никола Груевски. Ќе симнеме уште една маска. Од снимките ќе се уверите дека за да остане на власт, ниту го интересираат нацоналните интереси, ниту го интересираат законите, ниту неговите соработници. Ќе видите како ги фрла в оган своите сопартијци во коалициски игри. Станува збор за т.н. „хашки случаи“ и за зацврстување на коалицијата“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Заев рече дека Груевски лично се испазарил со Ахмети за затворање на хашките случаи. Тој сакал да се заштити и целата постапка да ја префрли на Собранието и на пратениците, истакна Заев.

Во првиот разговор што Заев го објави денеска, помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски, тој бара „работата да биде завршена веднаш и да не се чека со тоа“. Груевски сугерира да се заврши за два-три дена. Бара да се заврши толкувањето за хашките случаи и ѝ вели на Бонева дека ќе мора да даде и владино мислење кое ќе биде „округло, па на ќоше“.

Се договараат како во краток рок тоа треба да се „избута“ во Собранието.

Груевски ѝ кажува како да настапат потоа во медиумите. Бонева зема обврска да ги информира пратениците многу сериозно да си ја сфатат работата. Тој ѝ раскажува како Ахмети му рекол дека по Крушевската Република, првпат Албанец раководи со одбраната на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...