fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали

Зоран Заев продолжува да го тера своето деструктивно сценари и без поддршка од граѓаните продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали. Наводите кои се обиде Зоран Заев да ги конструира во денешната прес конференција се чиста манипулација и невистина, реагираше ВМРО ДПМНЕ на тринаесеттата „бомба“ на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Тој многупати досега покажал дека материјалите кои ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Конструкции и монтажи нема да го спасат Заев од самиот себе

„Зоран Заев е оптоварен со истражните постапки што се водат против него за криминално и незаконско однесување, па продолжува да одработува за туѓите интереси и се надева дека од ова каша во која сам влезе со противзаконски дејства, некој друг ќе го спасува“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата, на која тој...

Заев: Груевски, Мијалков и Јанкулоска го урнисале правосудниот систем

Ова што се случувало во Македонија, дрско и недозволиво самоволие на Никола Груевски на неговиот братучед Сашо Мијалков и на неколкумина поддржувачи, го урнало правосудниот систем, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата за т.н. дванаесетта „бомба“. Тој рече дека судиите биле местени од Никола Груевски, Сашо Мијалков и од Гордана Јанкулоска. - Тие имале поддршка и во ДУИ. Оваа „група“ местела...

И да го поканат, Заев не може без пасош да оди во Брисел

За да се елиминира недовербата меѓу засегнатите страни, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, инсистирал првата средба на преставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да биде на неутрален терен, односно во Брисел, пренесува „Вест“. Сепак, и ако прифати СДСМ да учествува на тие преговори, не може да го испрати својот лидер, Зоран Заев, затоа што како осомничен во аферата „Пуч“, неговиот...

Раководството на СДСМ и шпанскиот амбасадор разговараа за политичката криза

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска со шпанскиот амбасадор во Македонија, Рамон Абароа Каранза, разговараа за политичката криза во земјава, како и за можните излезни решенија. Како што се наведува во соопштението од СДСМ, Заев на средбата рекол дека доказите што ги објавува СДСМ во јавноста ги потврдуваат забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, ОБСЕ...

ВМРО-ДПМНЕ: Знаејќи дека нема што да објави, Заев самиот коментира и самиот прави воведи

Зоран Заев продолжи со монтирани и креирани снимки да го спроведува своето сценарио, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната прес-конференција на лидерот на опозицискиот СДСМ. „Притоа, Заев, знаејќи дека нема што да објави, самиот коментира, самиот прави воведи, самиот прави нечесни конструкции и истите тие монтирани снимки ги става во манипулативен контекст. Зоран Заев и СДСМ самите веќе го делегитимираа...

Заев: Алчноста на Груевски за недвижности немала граници

„Секоја прес-конференција на проектот „Вистината за Македонија“ откри по едно лице на Никола Груевски. Правел фалисфикати, прислушувал граѓани. Денеска ќе видите дека овој човек е нечесен. Денеска ќе видите што се правело со деталните урбанистички планови и кој сè имал интерес за тоа и зошто се случуваше целата драма околу претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ“, рече...

Зоран Заев денеска со нова „бомба“

Во седиштето на СДСМ, во 11.30 часот, ќе се одржи прес-конференција на којашто ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Се очекува Заев денеска да ја објави десеттата по ред т.н. „бомба“ од аудиоснимките од телефонски разговори, кои, како што тој вели, содржат голем број од криминалите и злоупотребите на власта.

Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Сачевалиев

Лидерот на опозцијата, Зоран Заев, денеска преку својот адвокат Ване Андреев до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против струмчкиот бизнисмен Иво Николов-Сачевалиев, за лажно пријавување и за нудење поткуп. - Подолг период наназад, почнувајќи од ноември 2013 година до пред некој ден, пријавениот Иван Николов-Сачевалиев има поведено повеќе постапки пред Општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за...

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски сака да биде „златна копија“ на Зоран Заев

„Со емитување на истите креирани, монтирани, лепени и прелепувани разговори, Андреј Жерновски се кандидираше за наградата „Златна копија на годината“ во филмот режиран од странски центри, а продуциран од Зоран Заев, Зоран Верушевски и од врхушката на СДСМ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната прес-конференција на градоначалникот на Оптштина Центар, на која тој презентираше дел од „бомбите“ што се...

Груевски: Граѓаните одлучуваат кој ќе биде во влада

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде во влада, а не лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Тој потегот на СДСМ со таканаречените „бомби“ го искоментира како обид да се убеди народот дека во пустина има планина. - Тоа е исто како да се наоѓаме во пустина, а Заев сака да ни претстави дека има планина и...

Јанкулоска: Дали ќе го тужам Заев е мој личен избор

Дали ќе поднесе приватна тужба против лидерот на опозцијата, Зоран Заев, за објавените снимки од прислушувани разговори, или нема, за министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е личен избор и не е прашање од јавен интерес. - Кој кого ќе тужи и дали ќе тужи е прашање на личен избор и не е прашање од интерес на јавноста. Не е...

Јанкулоска не го апси Заев оти таква била процената

Секој случај е сам по себе посебен и е единствен по своите карактеристики и ние правиме процени и анализа во однос на конкретната ситуација, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање зошто МВР не го аспи лидерот на опозцијата, Зоран Заев, иако против него се поднесени две кривични пријави, од кои една вчера...

ВМРО-ДПМНЕ: Снимките се креирани, монтирани, сечени и менувани

Зоран Заев и неговата врхушка во СДСМ денеска покажаа дека сакаат да ја држат целата држава во уцена со креирани, монтирани, сечени, лепени и прелепувани, кратени и менувани разговори по телефон без никаква автентичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ не е ништо повеќе од прислужник на сценарио кое има цел да ја дестабилизира Македонија, да предизвика кавги и конфликти и помеѓу...

Заев осомничен за поткуп од 200.000 евра

Министерството за внатрешни работи го сомничи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за случај на корупција од 200.000 евра. „Пријавениот во периодот од ноември 2013 година до денес, во својство на градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од две евра за еден квадратен метар...

Фазлиу: Заев сака да направи раздор помеѓу Албанците

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу тврди дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој, според него, е политички наследник на Глигоров и на Црвенковски, како политички шарлатан на хистеричен начин ја искажал големата омраза што ја има кон Албанците не само овде во Македонија, туку и за Албанците во Албанија и во Косово. - Верните слуги на вчерашната и на сегашната...

Следната „бомба“ ќе пука во „Универзална сала“

Во вторник, во „Универзална сала“ на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ги презентира, како што најави, „најдрските и најзначајните измами во изборниот процес од страна на Никола Груевски и неговите соработници“. - Дел од тимот на Никола Груевски, богови станале. Слушнавте и кои се дел од луѓето кои му помагаат на Груевски и се дел од изборни фалсификати, местења...

Протоѓер: „И он и жена му и децата, све у ендек ќе ги најдат…“

Во последните неколку аудиоснимки што денеска на прес-конференција ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вклучена е и таква во која се слуша разговор на Никола Груевски со Миле Јанакиески за избирачко место каде што губи ВМРО-ДПМНЕ со 500 гласачи. Зборуваат за тоа дали ќе има потреба од втор круг. Груевски вели дека дознал дека во Центар ќе ги „тепале“...

Средување телевизиско интервју за Груевски

Следниот блок аудиоснимки што денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според неговите зборови покажуваат како се договарале телевизиски содржини кои требало да обезбедат предност за ВМРО-ДПМНЕ. Во една од снимките, според Заев, се слуша како сопственикот на „Канал 5“, Емил Стојменов, и Мартин Протоѓер разговараат за емисија што треба да се емитува. Протоѓер му вели да ја пуштат емисијата...

Како се вршел притисок врз наставниците

Во четири аудиоснимки на разговори што денеска беа објавени на прес-конференцијата во седиштето на опозицискиот СДСМ, според Заев, се разобличува притисокот врз администрацијата за време на избори. Во еден од разговорите што беше објавен, се слуша како Јанакиески бара поддршка во Могила и во Новаци. Тој инсистира неговиот соговорник да „ги среди“ вработените во фирма во која раководителот бил од СДСМ. Во следниот...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...