ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски сака да биде „златна копија“ на Зоран Заев

-

„Со емитување на истите креирани, монтирани, лепени и прелепувани разговори, Андреј Жерновски се кандидираше за наградата „Златна копија на годината“ во филмот режиран од странски центри, а продуциран од Зоран Заев, Зоран Верушевски и од врхушката на СДСМ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната прес-конференција на градоначалникот на Оптштина Центар, на која тој презентираше дел од „бомбите“ што се однесуваат, како што рече, на изборните нерегуларности во таа општина.

„Денеска видовме реприза на фијаското на СДСМ од „Универзална сала“ пред неколку дена. Овие луѓе очигледно не разбираат дека во желбата да ја однесат Македонија во хаос, дестабилизација и во проблеми, единствено што ќе успеат е да ја дооднесат СДСМ во целосна безидејност и до внатрешно распаѓање. И Заев и луѓето околу него се прочитани од граѓаните. Веќе и на најсилните поддржувачи на СДСМ им е совршено јасно дека ова сценарио за дестабилизација ќе заврши како лош спомен за штетно и срамно однесување против интересите на својата држава и на своите граѓани, на неколку луѓе во врвот на опозицијата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...