среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: АндрејЖерновски | 19 резултати

Жерновски: 100 деца од градинката „Кочо Рацин” на улица ако МТСП не ги продолжи договорите

23 јуни 2016

„Денеска упатив уште еден апел до Министерството за труд и социјална политика да ги продолжи договорите за 11 вработени за да не се случи близу 100 деца од новата градинка „Кочо Рацин“ да не можат да бидат згрижени“, напиша градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на својот профил на „Фејсбук“. Тој додава дека на 11 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Заев и на Жерновски се само популизам

6 октомври 2015

Прес-конференцијата на која градоначалникот на општина Центар и лидерот на СДСМ настапија заедно, ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како мешање во работата на Град Скопје. Од партијата на власт велат дека тоа се само популистички најави за забрана за градење во оваа општина. „Најавите дека овој градоначалнички тандем неработници ќе донел некакви забрани за градба на територија […]

Општина Центар ќе забрани изградба на објекти на и околу плоштадот Македонија

6 октомври 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција на кејот 13 Ноември ветија дека Општина Центар ќе донесе одлука со која ќе се забрани изградба на какви било објекти на и околу плоштадот Македонија. И Заев и Жерновски рекоа дека оваа одлука не е никаков ревашнизам или политичка одлука, […]

Град Скопје: Жерновски ја користи улицата за собирање политички поени

30 септември 2015

Од Град Скопје реагираат на, како што пишува во нивното соопштение, лагите изнесени од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на Кеј 13 Ноември. „Господинот Жерновски не ја кажува вистината кога тврди дека Град Скопје има намера да изгради улица, а вистината е дека оваа пристапна […]

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски треба да се разреши самиот себеси

23 септември 2015

Андреј Жерновски, разрешувајќи ја директорката на училиштето „11 Октомври“, денеска единствено покажа дека се плаши од својата лична одговорност за скандалот во Општина Центар, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Градоначалникот на општина Центар сноси одговорност за случувањата во образовната установа бидејќи таа надлежност ја има со закон. Градоначалникот на општина Центар треба да одговори […]

Жерновски: Во Дебар-маало ќе се вози со максимални 30 км/ч

9 јули 2015

Брзината на движење на возилата во Дебар-маало, во центарот на Скопје, ќе се ограничи на 30 километри на час, како дел од проектот на Општина Центар „Зона на мирен сообраќај“, напиша на својот фејсбук-профил, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. „Зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај, постоење на училишта и градинки, безбедноста на граѓаните беа причините да […]

Жерновски: Следниот референдум во Центар ќе биде за Водно

9 април 2015

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, ги покани жителите на Водно на 26 април да излезат на референдум на избирачките места на кои гласаат за сите избори и да се изјаснат дали се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ. – Идната година повторно ќе одвоиме средства од буџетот на Општината за организирање референдум на […]

Советниците на Општина Центар одлучија: Референдум за ГТЦ на 26 април!

30 март 2015

Советниците на Општина Центар со 12 гласа „за“, одлучија да распишат референдум за изгледот за Градскиот трговски центар. Советниците од СДСМ гласаа „за“, а единаесетмината советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано. Прашањето што ќе биде поставено на референдумот ќе гласи „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ?“. Референдумот ќе се случи на 26 […]

Референдум во Центар на 26 април за изгледот на ГТЦ?

18 март 2015

На 26 април, жителите на општина Центар ќе имаат можност да гласаат на референдум за изгледот на Градскиот трговски центар, а резултатите од референдумот ќе бидат обврзувачки и ќе мора да се применат, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Прашањето на референдумот ќе биде „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на […]

Референдум за изгледот на ГТЦ

18 март 2015

Референдум кој ќе покаже дали граѓаните сакаат да се менува изгледот на ГТЦ ќе спроведе градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. Иницијатавата за референдум ќе биде промовирана денеска, во 12 часот, пред влезот на ГТЦ. „Референдумот ќе биде во согласност со Законот за локална самоуправа. За него ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски сака да биде „златна копија“ на Зоран Заев

12 март 2015

„Со емитување на истите креирани, монтирани, лепени и прелепувани разговори, Андреј Жерновски се кандидираше за наградата „Златна копија на годината“ во филмот режиран од странски центри, а продуциран од Зоран Заев, Зоран Верушевски и од врхушката на СДСМ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната прес-конференција на градоначалникот на Оптштина Центар, на која тој презентираше […]

Жерновски на средба со Бејли: Политичката криза да се реши со независен јавен обвинител

12 март 2015

Првиот чекор за да се разреши политичката криза би можел да биде именување на лице кое што ќе биде независен јавен обвинител во Македонија, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по средбата со амбасадорот на САД, Џес Бејли. – Влегуваме сите, и домашниот и надворешниот фактор, во една чуствителна фаза во која ќе мора […]

Жерновски ќе бара одговор од Груевски за градежното земјиште во општина Центар

9 февруари 2015

Градоначалникот Андреј Жероновски ќе бара прием кај премиерот Никола Груевски за да побара одговор зошто Владата ја игнорира Општината и дали има намера да го додели градежното земјиште под владение на Општината. Жерновски предложил да се формира делегација составена од градоначалникот и од координаторите на советничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Советниците од редовите […]

Општина Центар го раскина договорот за катна гаража

24 јануари 2015

Општина Центар го раскина договорот за долгорочен кредит за изградба на катна гаража кај зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“, а средствата ќе се пренаменат за ново основно училиште. Ваква одлука вчера едногласно донеле советниците на Општината. Договорот за катна гаража бил склучен меѓу Комерцијална банка и претходното раководство на Општина Центар, на 10 јануари […]

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Жерновски за спорниот ДУП

25 ноември 2014

Уставните судии ја отфрлија иницијативата поднесена од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во која се оспорува усвојувањето на три детални урбанистички планови. Градоначалникот Жерновски ги оспорил плановите затоа што тие биле донесени со недоволен број гласови во општинскиот совет. Од Уставниот суд посочуваат дека надзорот врз одлуките на општините го врши Државниот инспекторат за […]

Страна 1 од 1