fbpx

ВМРО-ДПМНЕ организира трибина в недела во „Борис Трајковски“

-

Владеjачката партија ВМРО-ДПМНЕ в недела, во салата „Борис Трајковски“, ќе организира трибина за актуелната политичка ситуација, објави „Дневник“, повикувајќи се на извори во Извршниот комитет на партијата.

На трибината главен говорник ќе биде премиерот Никола Груевски, а ќе се обратат и други членови на партијата.

Како што пишува весникот, граѓаните на трибината ќе можат да ги слушнат ставовите на партијата за актуелните случувања, но и да се запознаат со идните активности на партијата.

Извори од партијата пренесуваат дека членството на терен се мобилизира, се тврди дека пораки за учество на трибината се праќаат до административците, а, наводно, некаде веќе се правеле и списоци.

Неофицијално, идејата на владејачката партија е преку собир на граѓани да испрати порака дека нема намера да ја напушти власта и да го прифати предлогот на СДСМ за оставка и за организирање избори со преодна влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...