fbpx

Ѓорге и Маја Иванови со обраќање на форумот „Кран Монтана“

-

Од денеска до петок, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе престојува во работна посета на Кралството Мароко, на форумот „Кран Монтана“.

Предвидено е а се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот. Главни теми на собирот се унапредувањето на дијалогот меѓу Африка, Магреб и Европа, политиката на соработка на Мароко, како и неопходноста од подобрување на климата за странски инвестиции и обезбедување сигурни индустриски и финансиски партнери.

Шефот на македонската држава на форумот „Кран Монтана“ ќе биде придружуван од министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.

Во делегацијата се и претставници на десетина компании, членови на Стопанската комора на Македонија, на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Предвидено е, на иницијатива на претседателот Иванов, да се одржи презентација на инвестициските можности што ги нуди Република Македонија, како и средба на претставници на македонските стопански комори со претставници на марокански стопански комори.

Во рамки на работната посета на Кралството Мароко и учеството на форумот „Кран Монтана“, сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, ќе се обрати на специјална сесија на Форумот на aфрикански жени, чиј фокус годинава е имплементирање на родова еднаквост, жените во јавниот живот и во приватниот сектор и подобрување на образовниот систем за девојките.

Форумот „Кран Монтана“ е основан во 1986 година за да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе за глобалниот економски пораст, воедно обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност. Активностите и настаните во рамки на форумот се насочени кон создавање платформи кои ќе им овозможат на политичките и на бизнис-лидерите да ги имплементираат своите стратегии, да ги зајакнуваат партнерствата и да развиваат нови можности за соработка. Форумот тесно соработува со меѓународни институционални партнери, како агенциите на Обединетите нации, Европската унија, Советот на Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Украина воопшто не се испрaтени македонски војници

Објавата споделува принтскрин од комуникацијата меѓу Зеленски и Сиљановска Давкова по повод нејзината победа на претседателските избори и неточно тврди дека „македонските војници се пратени да гинат како топовско...