fbpx

Македонија на 108. место на најновата ранг-листа на ФИФА

-

На најновата, мартовска ранг-листа што денеска ја објави ФИФА, Македонија бележи нов пад од четири места и сега се наоѓа на 108. позиција.

Македонската фудбалска репрезентација е во групата на 10 најслабо рангирани европски селекции.

Подобро пласирани од македонската се фудбалските селекции на Фарски Острови (105), на Боцвана (106) и на Доминиканската Република (107).

На врвот на ранг-листата има една промена, односно Италија е повторно во најдобрите десет селекции во светот, а првпат по осум години репрезентацијата на Шпанија не е во ова друштво.

Светскиот првак Германија е лидер на ранг-листата, а по неа, во најдобрите пет, се репрезентациите на Аргентина, Колумбија, Белгија и на Холандија.

Од репрезентациите од квалификациската група за Европското првенство во 2016 година, во која настапува Македонија, Шпанија е на 11. место, селекцијата на Словачка е на 22 позиција, Украина бележи пад за четири позиции и сега е 31. место, а репрезентацијата на Белорусија бележи подем за три места и сега се наоѓа на 98. позиција.
Најслабо рангирана е селекцијата на Луксембург, која е на 136. место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ со осуда за обидот за цензура од директорката на Клиниката за токсикологија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во...