Младите од општинската организација на СДСМ од Тетово, положија букети цвеќиња пред споменикот на Кирил Пејчиновиќ поставен пред Државното музичко училиште, по повод 170 години од неговата смрт.
Младите социјалдемократи упатија критика до советниците на Општина Тетово од ВМРО-ДПМНЕ, кои на последната седница истакнаа дека македонскиот преродбеник Пејчиновиќ бил Србин.

– Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во една од дискусиите, кога се зборуваше за промена на имињата на средните училишта, изјавија дека во Тетово не постојат многу средни училишта кои носат македонски имиња, вклучувајќи го и името на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, преродбеник кој, според советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бил Србин. СДСМ нема да дозволи да се валка името не еден од македонските учители кој го просветлил македонскиот народ – изјави Даријан Сотировски, претседател на Социјалдемократската младина на општина Тетово.

Младите социјалдемократи денеска во Лешок го посетија вечното почивалиште на македонскиот преродбеник, Кирил Пејчиновиќ.