fbpx

Протоѓер: „И он и жена му и децата, све у ендек ќе ги најдат…“

-

Во последните неколку аудиоснимки што денеска на прес-конференција ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вклучена е и таква во која се слуша разговор на Никола Груевски со Миле Јанакиески за избирачко место каде што губи ВМРО-ДПМНЕ со 500 гласачи. Зборуваат за тоа дали ќе има потреба од втор круг. Груевски вели дека дознал дека во Центар ќе ги „тепале“ за повеќе од 1.000 гласа.

– Да им кажеш на нашите што повеќе неважечки да извадат – вели Груевски на снимката.

Во следниот разговор, Јанкулоска му вели на Јанакиески дека ќе се договорат со ДУИ за избирачки места во Куманово.

Јанакиески со Мишева, пак, во друга аудиоснимка објавена од лидерот на СДСМ денеска, зборуваат за телефон на СДСМ за кој таа инсистира да се стави надвор од употреба.

На друга аудиоснимка се слуша како Јанкулоска со Кирил Божиновски зборуваат за тоа како да реагираат во врска со извештајот на ОБСЕ за изборите. Јанкулоска објаснува како кај нејзе фукционирале штабовите.

Во уште една аудиоснимка, Јанакиески и Трајковски зборуваат за пензиите и за направените поволности.

Меѓу последните аудиоснимки што беа објавени денеска, Јанакиески и Јанкулоска зборуваат за автобуси кои се пратени на технички преглед и министерката за внатрешни работи признава дека истото го прават и од ДУИ.

На друга снимка се слуша како Никола Тодоров и Јанкулоска зборуваат за тоа како да се зборува по изборите. Се договараат да зборуваат дека немало инциденти.

На претпоследната снимка од овој блок, Јанкулоска на Славе Гошев му вели дека Ромите „за уши ќе ги влечат“ да се појават на избори во вториот круг во Струмица.

На последната снимка објавена на денешната прес-конференција, Протоѓер и Јанакиески зборуваат за ФФМ и за тоа дека не се пуштаат карти за натпреварот за да не се соберат луѓе. Протоѓер се заканува дека „и он и жена му и децата, све у еднек ќе ги најдат, м… да му е… комунистичка“ ако не попуштат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...