fbpx

И да го поканат, Заев не може без пасош да оди во Брисел

-

За да се елиминира недовербата меѓу засегнатите страни, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, инсистирал првата средба на преставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да биде на неутрален терен, односно во Брисел, пренесува „Вест“.

Сепак, и ако прифати СДСМ да учествува на тие преговори, не може да го испрати својот лидер, Зоран Заев, затоа што како осомничен во аферата „Пуч“, неговиот пасош е одземен.

Од СДСМ велат дека Заев никогаш не планирал да побегне од Македонија, па затоа и нелогично е што му е одземен пасошот и не сакаат да шпекулираат со тоа што би било кога некој би го поканил нивниот лидер на средба надвор од Македонија.

Тоа ја отвори дилемата дали и како би присуствувал лидерот на опозицијата на некоја средба што би се одржала надвор од Македонија и дали тоа може да го направи во земја (Албанија и Србија) со кои државата има склучено договор за патување со лична карта.

Упатените во проблематиката велат дека Заев во никој случај не смее да отпатува некаде, ниту со лична карта, затоа што за него има издадено забрана за нашуштање на земјата. Од тие причини и му е одземен пасошот.

Сепак, во секое време Јавното обвинителство може да му го врати пасошот, па дури и повторно да му го одземе кога Заев би се вратил во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...