fbpx

Галичица – еколошка гаранција за опстанокот на Охридско и на Преспанско Езеро

-

Планината Галичица е најголемиот еколошки поддржувач и гаранција за опстанокот на Охридско и на Преспанското Езеро. Климатските промени чукаат на врата, а последиците со кои ќе се соочиме ќе бидат големи, доколку не ја заштитиме планината, предупредува екологот Лазо Наумоски.

Наумоски смета дека температурата на земјината топка ќе се зголеми од три до пет Целзиусови степени, ќе настане прегрупирање на флората од земјината планета, на местата каде денес се шири и опстојува дабот, ќе дојде леската, на местата каде што денес опстојува буката, ќе дојде дабот, а на високите места од планините, каде денес има само тревната вегетација, како што вели, ќе дојде буката.

– Ваквите трансформации на флората од земјината топка се последица од климатските промени и човекот мора да се подготви за што побезболно ги преживее, без некои долгорочни последици. Галичица да ја оставиме природно да се развива со флора и со фауна. Шумските зелени појаси од Галичица да имаат поголем обем, а планината и понатаму да остане како најголем еколошки поддржувач на опстанокот на Охридско и на Преспанското Езеро – прецизира Наумоски.

Во интерес на сочувување на природниот феномен на Галичица и заштитата на Охридско Езеро, неминовно е наредните неколку години за Денот на дрвото и со други акции да работиме на пошумувањето во сливното подрачје на Охридско Езеро. Тоа, според Наумоски, треба да биде помасовно и добро организирано, особено во пределот на Галичица.

– Неопходно е шумите од сливното подрачје на Охридско Езеро во иднина да добијат што е можно поголем третман на заштитни шуми и шуми од посебни намени. Националниот парк „Галичица“ претставува природен феномен благодарение на кој опстојуваат и Охридско и Преспанско Езеро – додава Наумоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...