fbpx

Заев: Алчноста на Груевски за недвижности немала граници

-

„Секоја прес-конференција на проектот „Вистината за Македонија“ откри по едно лице на Никола Груевски. Правел фалисфикати, прислушувал граѓани. Денеска ќе видите дека овој човек е нечесен. Денеска ќе видите што се правело со деталните урбанистички планови и кој сè имал интерес за тоа и зошто се случуваше целата драма околу претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Заев рече дека се менувал ДУП за Тасино чешмиче, со кој се добиле станбени објекти вредни повеќе од пет милиони евра. Тој вели дека сопственик на тие парцели се фирмата на Орце Камчев, „Кара“, и офшор-компанијата „Ексико“. На друга локација, со измена на ДУП Капиштец-Водно, земјиште било пренаменето и од категорија за заштитно зеленило без маркици за градба, површина од 11.000 квадратни метри добила три маркици за градба.

Заев ги покажа и имотните листови на „Сирах инжинеринг“ од Белизе. Управител на таа фирма е кумот на Груевски од првиот брак – Ристо Новачевки, информираше Заев.

– Фирмата „Сирах инжинеринг“ е со основачки капитал од 1,3 милион евра. Денеска презентираме снимки за нечесноста на Гриевски и да видите кој стои зад офшор-компаниите. Ќе ја покажеме алчноста на Груевски за недвижности. Денеска ќе чуете шест разговори за алчноста на Груевски да си купи плац од 2.700 квадратни мерки.

Во првата аудиоснимка презентирана денеска, според Заев, разговараат премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во врска со промена на ДУП и на ГУП. Груевски прашува кога ќе се менуваат плановите за тој да си планира и му кажува на Јанакиески колкава била цената за еден квадратен метар. Груевски тврди дека цената била 400 евра за еден квадратен метар. Тој му кажува на Јанакиески дека не сака да ја пропушти таа шанса и дека нешто ќе искомбинира.

razgovor mile gruevksi

Во друг разговор, Груевски повторно на Јанакиески му говори за записникот од Центар и од Аеродром и му сугерира да направи некое тело и секоја недела да има по еден состанок. Потоа инсистира за ДУП кој треба да се пушти. Груевски му кажува дека зборувал со Коце Трајановски за тоа дека може да се реализира ДУП и го замолува Јанакиески да ја преземе работата. Тие зборуваат во шифри за промената на детален урабнистички план.

Груевски зборува за планот и за тоа како тој треба да изгледа. Тој зборува за дооформување парцела од 2.000 квадратни метри. Јанакиески му кажува дека купувањето мора да оди во две фази затоа што едниот сопственик бил починат.

Во следниот разговор што беше презентиран на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ, Груевски вели дека инсистира да се внесе деталниот урбанистички план. Тој со Јанакиески разговара за дозволената висина за градење и за ставање потпорен ѕид. Јанакиески му одговара дека треба да провери и ќе му каже што може да се направи. Зборуваат и за тоа да се направи насип.

– Ова е нечесниот Никола Груевски. Тој наложил промена на ДУП во Центар. Тој, Никола Груевски, кој го натера членството за се тепа за црква, тој се борел само за свој имот. Кога денеска насила ги собра и членството и администрацијата, треба да им каже зошто зборува во шифри. Чесен човек ќе признаеше дека тој и Мијалков прислушувале. Чесен човек ќе се охрабреше и ќе кажеше за имотите за фирмите од Белизе. Груевски повторно криел имоти. Но, нема што да се крие. Само оставка од Груевски и преодна влада можат да ја извлечат Македонија -заклучи Заев.

За пријавата против струмичкиот градоначалник, Заев рече дека се гледало како се прави местенката.

– Се знаеше кога го повикав премиерот дали има посебни истражни мерки за мене. На кого да се жалам: на Груевски, на Мијалков, на Зврлевски? Треба да се знае дека не постои нешто што може да се спречи. Ќе правам уште многу обиди, но мора да издржиме и да ја вратиме демократијата – рече Заев.

Заев рече дека стратегијата е внимателно одбрана и рече дека никој нема да биде поштеден од објавувањето на прислушуваните разговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...