fbpx

Фазлиу: Заев сака да направи раздор помеѓу Албанците

-

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу тврди дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој, според него, е политички наследник на Глигоров и на Црвенковски, како политички шарлатан на хистеричен начин ја искажал големата омраза што ја има кон Албанците не само овде во Македонија, туку и за Албанците во Албанија и во Косово.

– Верните слуги на вчерашната и на сегашната УДБА, „Алсат-М“, Ким Мехмети, Мерсел Билали, кои се виновници и соучесници на сите тие убиства и малтретирања на Албанците што ги имаат извршено нивните патрони Верушевски, Фрчкоски со целата тајфа на СДСМ кога беа на власт, а кои сега станаа аргати на Заев, создаваат збунетост и ги оцрнуват Албанците, расејуват магла кај Албанците – рече Фазлиу на прес-конференција.

Тој рече дека Заев, како што се обиде да ја оцрни албанската опозиција во Македонија, ДПА, без никаков доказ, истото го направил вчера и со лидерите на Албанија и на Косово, залепувајќи им тенденциозни политички квалификации со јасна цел – да ја стави под хипотека целата албанска државна политичка елита.

– Веќе е повеќе од јасно дека целта на денешниот Заев е став на вчерашните Глигоров и Црвенковски за да се оцрнат и се направи раздор меѓу Албанците. Јавно му кажуваме на овој шарлатан од Струмица, кој фалсификува и клевети, монтира и фантазира, подалеку рацете и ноктите од Албанците. Подалеку рацете од Албанија и од Косово, премногу си мал за овие работи. Додека е тука ДПА, како што им го покажавме местото на твоите претходници, ќе се погрижиме и вам истото да ви се случи – рече Фазлиу.

ДПА бара Министерството за надворешни работи на Македонија итно да им се извини на Владата на Албанија и на Владата на Косово за, како што рече Фазлиу, големиот скандал што го направил Заев со неговите клевети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.