fbpx

За кочанските средношколци екстерното тестирање е бинго

-

Стотина средношколци од Кочани излегоа на првиот протест против полагањето на предметот математика и екстерното тестирање. Со трансапаренти и со свирчиња, средношколците го искористија периодот меѓу двете смени, за низ протест да го потсетат Министерството за образование и наука дека очекуваат одговори на нивните барања.

Претседателот на младинската организација на гиманзијата „Љупчо Сантов“, Иван Коцев, вели дека полагањето на предметот математика е за матурантите, кои ќе продолжат на природно-математичките факултети.

– Математиката да биде изборен предмет. Оној што ќе сака да ја полага, да ја полага. Друг проблем е есктерното тестирање. Имаме 60-минутен бинго-тест. Буквално имаме 60-минутен циркус-тест, на кој можеш да си играш лотарија и при тоа да добиеш или тројка или петка. И одличните ученици можат да „кикснат“ на екстерното. Сè додека не се повлече Министерството со екстерното, ние ќе останаме на улица – изјави Коцев.

Сепак, протестите на кочанските средношколци ќе се одиваат во перидот меѓу двете смени, кога не се на училиште. На МОН му даваат рок до крајот на неделата, во спротивно најавуваат втор протест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...