fbpx

Ден за сеќавање на депортираните Евреи

-

535 Евреи од Штип пред 72 години биле транспортирани во злогласниот нацистички логор Треблинка во Полска. Во пресрет на утрешното одбележување на годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, во Штип денеска на овој настан потсети Пепо Леви од Еврејската заедница во Македонија.

Во Штип пред Втората Светска војна живееле околу 550 Евреи, кои имале свои бизниси и биле ценети граѓани. Од раката на нацистите успеале да се спасат само неколкумина. До пред седум години во Штип живееја последните потомци на семејството Рубиса.

Митко Рубиса во 2008 година со сопругата и со неговите двајца синови се пресели во Тел Авив, во Изреал. Неговиот 28-годишен син Павле дојде во 2011 година, на отворањето на Меморијалниот центар во Скопје. Неговите роднини беа дел од седумте илјади Евреи од Македонија, кои беа транспортирани во логорите. Дедото на Павле, Моис, е еден од малубројните штипски Евреи што успеал да се спаси од депортацијата.

На денешното одбележување на 72-годишнината од депортацијата, беше прикажан документарен филм, кој го работеа учениците од основното училиште „Тошо Арсов“, а беше отворена и изложба насловена „Нови сведоци на холокаустот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...