fbpx

Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Сачевалиев

-

Лидерот на опозцијата, Зоран Заев, денеска преку својот адвокат Ване Андреев до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против струмчкиот бизнисмен Иво Николов-Сачевалиев, за лажно пријавување и за нудење поткуп.

– Подолг период наназад, почнувајќи од ноември 2013 година до пред некој ден, пријавениот Иван Николов-Сачевалиев има поведено повеќе постапки пред Општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за легализација на бесправни објекти, односни предмети со кои имал потреба да остварува повеќе контакти и средби со кој било од вработените. Меѓутоа, пред некој ден, во повеќепати почнал да нуди надомест, помош за изградба на верски објект, на што Зоран Заев реагирал енергично, истото го одбил и составил записник со вработените во присуство на сведоци – изјавил денеска Андреев, пренесува „А1он.мк“.

Во неделата, пак, непосредно пред одржувањето на трибината на СДСМ во „Универзална сала“, од Министерството за внатрешни работи информираа дека против Зоран Заев е поднесена кривична пријава за примање поткуп. МВР го товари Заев дека од лице од Струмица побарал подарок од 200.000 евра за да му овозможи да приватизира градежно земјиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пријави ја твојата песна – конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ отворен до 31 мај

До 31 мај, младите музичари имаат прилика да учествуваат на конкурсот за доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ кој во чест на фронтментот на легендарната рок група Екатерина Велика (ЕКВ)...