Заев: Груевски лично командувал со акцијата за амнестија

-

Во следните разговори, според Заев, Јанкулоска во разговор со Трајко Вељаноски зборува за тоа што треба да им се даде на Албанците. Таа му се жали дека премногу им дале на Албанците и дека два дена не спиела од мака.

Јанкулоска зборува со советничката на Груевски, Билјана Бришковска-Бошковски. Таа ѝ објаснува на министерката за автентичното толкување и како тоа би се одвивало во судовите. Јанкулоска вели дека од Влада треба да пуштат некое мислење „кое ништо не значи, само колку да го има“.

Министерката инсистира тоа мислење да биде неразбирливо.

Билјана Бришковски ја информира Јанкулоска за тоа како е договорено со Груевски. Таа ѝ објаснува дека мора да се додаде уште една реченица. Јанкулоска ѝ објанува дека тоа треба да биде неутрален текст.

Јанкулоска во разговор со Вељаноски се договара за законите кои се доставени во Собранието. Вељаноски се жали дека има многу проблеми. Јанкулоска вели дека кај им се дава на Албанците и тоа што не сакаат, мора да им го изработат. Јанкулоска и Вељановски велат дека со едните „Индијанци“ е расчистено, а треба да се среди и со „нашите Индијанци“.

Јакулоска разговара со Илија Димовски и разговараат дека нема кворум во Собранието. Тој ја прашува дали може да дојде.

Ставрески во разговор со Јанкулоска ѝ кажува дека Бонева му се јавила и него го викала за кворум. Тој се оправдал дека не може да дојде. Ставрески се лути и ѝ вели да го викнат Пешевски. Прашува каде се пратениците. Тој ѝ кажува дека Пешевски прави втора мрежа. Ставрески ѝ се жали дека премногу работи и дека во Собрание „треба да трчаат другите“.

Ставрески вели дека Пешевски сигурно нема да дојде зашто е „на плажа во Грција“. Јанкулоска му вели дека и Груевски е таму.

Ставрески ѝ одговара дека пак тие ќе бидат таму, а другите ќе ги нема.

Заев на крајот на прес-конференцијата покажа листа на тие што гласале и костатира дека Ставрески не се појавил на собраниската седница, а дека Јанкулоска се појавила, ама не гласала.

Заев рече дека нивната пратеничка група била против овој закон и автентичното толкување за хашките случаи.

На новинарско прашање дали на Велики четврток ќе објават нешто за случајот кај Смиљковско Езеро, Заев рече дека за време на велигденските празници нема да објавуваат ништо.

Лидерот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека Груевски е давеник кој се фаќа за сламка. За проектите на Владата за вработувања, Заев истакна дека сè што одбивале претходно, сега преку ноќ прифаќаат.

– Тоа е само уште еден доказ дека крајот се ближи – рече Заев.

За исказот во „Пуч“, Заев рече дека не сака да ги коментира доказите.

– Нема никаков доказ за насилство. Буквално, ова е обид за шанса за дијалог. Не може да го натерате некој да направи техничка влада. Како што беше смешно од самиот почеток, така и со доказите тоа се покажа до крај. Тие сакаат да накалемат шпионажа со некое писмо напишано и никогаш необјавено од „Њујорк тајмс“ – рече Заев.

Претседателот на СДСМ, истакна дека нема да ги коментира преговорите во Брисел.

– Нашите ставови се јасни. Даваме шанса на преговарачкиот процес – заклучи Заев.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...