fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Средба Османи – Пич: Обединетото Кралство е посветено на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој е во прва работна посета на нашата земја, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). „Соговорниците разменија мислења за актуелните внатрешно - политички состојби во земјава, но и во регионот, како и...

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство во дводневна посета на земјава

Сер Стјуарт Пич, Специјалниот претставник на Обединетото Кралство денеска и утре ќе дојде во посета на Северна Македонија за да се сретне со високи државни функционери, по што ќе ја посети и Бугарија, како дел од континуираната посветеност на Обединетото Кралство на стабилноста и просперитетот во регионот на Западниот Балкан, информираат од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје. За време...

Вистиномер: Наративи со кои Русија влијае врз медиумите од Западен Балкан

Истражување насловено како „Руски наративи кон Западен Балкан“, објавено од НАТО центарот за извонредност за стратегиски комуникации (СТРАТКОМ) идентификува неколку руски наративи кај медиумите од Западен Балкан. Истражувањето се базира на медиумски објави во 2018 година кои го цитираат српското издание на државната руска новинска агенција „Спутник“. Веб-страницата „Спутник“ којашто е директно финансирана од Кремљ, е препознаена како еден...

Загадениот воздухот во регионот предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи. Ова го изјави Европскиот фонд за Балканот при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан...

Дезинформациските бури во Македонија придонесоа кон дополнителна поларизација на општеството

Локалните прокси за дезинформации градат наративи, истовремено искористувајќи ја идејата за веќе постоечки идентитетски врски, заедничка историја и безусловна руска политичка поддршка со текот на времето. Тие ја замаглуваат границата помеѓу коментарите и фактите, со што се предизвикува недоверба во изворите на фактички информации на кои претходно им се верувало и се создава простор за поедноставена поларизација. Овие наративи...

Пендаровски: Блокадата од Бугарија нема да нè дестабилизира, но можни се облици на авторитарно владеење

Нашите граѓани можат да бидат спокојни, блокадата на Бугарија за почетотот на преговорите со ЕУ нема да има безбедносна дестабилизација на земјава, независно од бројот на нон-пејпери коишто некои упорно ги лиферуваат, е пораката на претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието на РСМ. „Искуството по НАТО самитот во Букурешт 2008-та нè учи дека е можно демократско...

„Аналитика“: Иницијативата „Отворен Балкан“ нуди можност за раст на компаниите што извезуваат

Иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за извозно ориентираните компании од земјава и тие имаат големи очекувања од иницијативата, покажа истражувањето направено со 50 македонски компании. Истражувањето го направи Тинк тенк организацијата „Аналитика“. Како што велат од таму, многу голем процент од компаниите сметаат дека иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив, поради можностите за подобрување на...

Кристофер Хил од Вашингтон: Србија е клуч за стабилноста на Западен Балкан

Кандидатот за амбасадор на САД во Србија, Кристофер Хил вчера во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи во Сенатот рече дека има бројни прашања што го засегаат во однос на денешна Србија, но и на Западниот Балкан, јавува Гласот на Америка на македонски јазик. Номинираниот иден амбасадор изјави дека односот на владите меѓу Србија и Босна и Херцеговина (БиХ) ќе...

Министерката за надворешни работи Лиз Трас во Лондон беше домаќин на министрите од Западен Балкан

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас вчера беше домаќин на состанокот со 6-те министри за надворешни работи од Западен Балкан во Лондон, каде што се разговараше за зајакнување на економските и безбедносните врски и обезбедување на поддршка на слободата и стабилноста во регионот. На средбата присуствуваше и новиот Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич,...

Средба Османи – Трас: Западен Балкан останува приоритет за Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, двајцата министри разговарале за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, но голем дел од разговорот бил посветен...

Османи утре во Лондон на состанок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи од Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на состанокот како специјални гости...

Ќе се востанови регионална платформа за поддршка на бизнисите во е-трговија во Западен Балкан

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со ГИЗ ќе ја развива и шири регионално платформата Еcommerce4all.mk, која претставува центар со информации и ресурси за водење на бизнис со е-трговија за сите постојни и нови е-трговци во Северна Македонија. На тој начин, верификуваните е-трговци од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија ќе бидат вклучени во платформата...

Земјите во регионот – мета на влијание од авторитарни режими

Владите на земјите во регионот се склони кон корупција и се колебаат да спроведат реформи па затоа постојат политички, социјални и економски ранливости кои може лесно да се искористат од странски актери со авторитарни тенденции. Ова го покажува анализата на „Политикал капитал“, истражувачки институт од Будимпешта, на тема странско влијание на Западен Балкан од авторитарни држави, како што се...

Линхарт: Се надеваме дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат во декември

Австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаел Линхарт, денеска во Скопје, по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, порача дека Австрија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и поддржува итен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ во декември. „Тоа е прозорец на можности и за Албанија и за...

Станка Парач – Дамјановиќ: Граѓанските организации и локалните власти се „природни“ партнери

Станка Парач - Дамјановиќ, претседател на Балканската мрежа за локална демократија (BNLD), тренер и педагог, има долгогодишно професионално искуство како претставник на невладиниот сектор кој работи на теми како развој на граѓанското општество, граѓанско образование, активно граѓанство и добро владеење на локално ниво. Нејзината примарна област на делување е поврзана со градење капацитети, истражување и активности за подигање на...

Компаративна анализа: Граѓанското учество во Западен Балкан

Во рамки на работата на проектот „Вмрежување на Граѓански организации за подобра локална демократија на Балканот“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) и имплементиран од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), беа направени три компаративни студии кои го испитуваат нивото на учество на граѓаните во локалното донесување на одлуки во рамките на Западен Балкан....

Гледајќи напред и гледајќи назад – Искуство од регионалната соработка и вмрежување на граѓанските организации во Западен Балкан

Вмрежувањето на регионалните граѓански организации на Балканот стана сè поголем предизвик за повеќето организации вклучени во регионални иницијативи кои ги поттикнуваат човековите права, демократијата, доброто владеење, владеењето на правото, помирувањето или социоекономскиот развој. Може да се забележат најмалку три причини за оваа незавидна ситуација со која се соочуваат и формалните и неформалните регионални мрежи на граѓанските организации од 2020...

САД: Преговорите на Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ треба да започнат без одлагање

По неодамнешната средба меѓу секретарот Блинкен и високиот претставник Борел, Соединетите држави и ЕУ се согласија дополнително да го зајакнат нивниот заеднички ангажман на Западен Балкан за поддршка на напредокот на регионот на европскиот пат. „Ја подвлекуваме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ, наведен приоритет за целиот Западен Балкан, помага во консолидација на демократските...

Димитров: Софија да преземе одговорност, крајно време е за почеток на пристапните преговори

Доколку проширувањето се изземе од односите меѓу Европската Унија и регионот, тогаш на сцена доаѓаат други алтернативи какви што имавме во 90тите години, кои не носат мир, просперитет и стабилност, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров кој вчера беше говорник на панелот „Визија за Европската Унија и Западниот Балкан - Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан: зошто...

Димитров: Со оспорувањето на јазикот и европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров во интервју за Би-Би-Си радио, рече дека прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди својата посветеност кон проширувањето. Тој потсети дека на претходните самити, во Загреб и во Софија, се зборуваше само за европската перспектива. Прашан за блокадата од Бугарија, Димитров рече дека прашањето за јазикот...