fbpx

Компаративна анализа: Граѓанското учество во Западен Балкан

(Текстот е објавен како спонзорирана содржина)

-

Во рамки на работата на проектот „Вмрежување на Граѓански организации за подобра локална демократија на Балканот“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) и имплементиран од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), беа направени три компаративни студии кои го испитуваат нивото на учество на граѓаните во локалното донесување на одлуки во рамките на Западен Балкан. Секој од нив преставува детална анализа на различни правни извори, механизми и иницијативи и се фокусира на различен аспект на учество на граѓаните, како што се локалната самоуправа, граѓанските организации и учеството на локално ниво, и учество на граѓаните во политиките и процесите на донесување одлуки. Студиите се преведени на англиски, македонски, албански и босански / хрватски / српски јазик. Трите студии претставуваат една целосна компаративна анализа на моменталната состојба на учество на граѓаните во регионот.

Првата студија е посветена на локалната самоуправа на Западен Балкан и клучните карактеристики и одлики. Подетално, темелно се испитува децентрализацијата од повисоките нивоа на власт до пониските и локалните системи. Децентрализацијата е една од најистакнатите серии на реформи во регионот, но честопати нема ресурси за да може правилно и ефикасно да се спроведе. Децентрализацијата првенствено се спроведува со цел да им се даде на граѓаните одреден степен на отчетност, мобилизација, учество и јасност на локално ниво, и дополнително да се легитимира владата во нивните очи. Меѓутоа, низ различните владини системи во регионот, нивото на децентрализација многу се разликува поради различни домашни фактори, вклучувајќи финансирањето, правните механизми, индивидуалните услови, итн. Студиите доловуваат испитувања на клучните карактеристики, структури и механизми во рамките на локалната власт на повеќе внатрешни системи во земјите.

Втората студија е посветена на граѓанските организации и учеството во донесувањето одлуки и креирањето на политики на локално ниво на Западен Балкан, заедно со предизвиците и деталните проценки. Граѓанскиот сектор е важен за зајакнување на демократијата и одговорноста во регионот, а граѓанските организации играат различни улоги со различни нивоа на политичка вклученост, користејќи различни алатки како консултации, дијалог, информирање, воспоставување партнерства итн. Тие се значајни и во улогата на процесот за влегување во Европската Унија и олеснување на тој процес. Граѓанското општество е начин за јавноста да ги изрази своите интереси на повеќе нивоа. Студијата ги испитува политиките, иницијативите и механизмите во рамките на целниот регион за да ја игра улогата на водич за оние кои сакаат да се вклучат во процесите на локално учество. Охрабрувањето на граѓаните да станат поактивни во нивните заедници е добар начин за промовирање на потребите и решавање на општествените прашања, и тоа е нешто што најчесто се охрабрува од страна на Советот на Европа.

Третата студија е посветена на општо граѓанско учество во процесите на одлучување на локално ниво на територија на Западен Балкан. Учеството на граѓаните останува едно од главните обележја на функционирањето на демократијата и секоја земја има свои механизми и закони за нејзино регулирање. Граѓаните имаат серија на алатки за активно учество регулирани со закон и треба да се користат за формирање на локалните политики. Граѓанските иницијативи историски недостасуваа во регионот, а целта на документот е дополнително испитување на интересите, иницијативите и степенот на учество, во различни општини во регионот. Законите може да обезбедат основа за граѓанското учество, но сепак треба да има повеќе охрабрување за понатамошно олеснување.

Локалната демократија и учеството на граѓаните продолжуваат да бидат главни фундаментални точки за зајакнувањето на регионот на Западен Балкан и на кои треба да им се посвети внимание. Објавувањето на овие компаративни студии има за цел да информира и да дејствува како водич за љубопитните граѓани и групи. Има многу што треба да се научи и разбере на патот за промовирање подобри практики на Западен Балкан, и многу нови идеи што треба да се споделат. Се надеваме, оваа информација може да доведе до понатамошна мобилизација на граѓаните на локално ниво и застапување за граѓаните на Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...