fbpx

Станка Парач – Дамјановиќ: Граѓанските организации и локалните власти се „природни“ партнери

(Текстот е објавен како спонзорирана содржина)

-

Станка Парач – Дамјановиќ, претседател на Балканската мрежа за локална демократија (BNLD), тренер и педагог, има долгогодишно професионално искуство како претставник на невладиниот сектор кој работи на теми како развој на граѓанското општество, граѓанско образование, активно граѓанство и добро владеење на локално ниво. Нејзината примарна област на делување е поврзана со градење капацитети, истражување и активности за подигање на свеста насочени кон граѓанските организации и локалните самоуправи. Долгогодишната работа со агенциите за локална демократија (ЛДА) стана инспирација за иницирање прекугранична и регионална соработка што ги поврзува локалните заедници, ангажирање на АЛДА во регионална интеркултурна размена и партиципативно креирање политики за локален развој, со што континуирано се создава заедница на добри практики.

Кои се силните страни на регионална мрежа како што е БНЛД?
Главната сила на БНЛД е двојна: силни и одржливи Агенции за локална демократија како основачки членки на БНЛД кои го сочинуваат столбот на регионалната мрежа од една страна, и заеднички вредности и мисија што го поткрепуваат пристапот од долу-нагоре и доприносот во демократските реформи и приближување на граѓаните од целиот регион до процесот на интеграција во Европската унија. Повеќе од дваесет години заедничка работа во остварувањето на заедничките вредности е наша дополнителна силна страна со што се обезбедува основа за градење на организациски капацитети и специфична институционална меморија на полето на децентрализацијата и реформирањето на системот на локална самоуправа во регионот на Западен Балкан.

Како регионален актер, кој е првиот предизвик со кој би се зафатиле?
Примарната област на активности на БНЛД е поврзана со промовирање на принципите на добро локално управување, развивање на партиципативни пристапи и механизми за учество на граѓаните во донесувањето политики/одлуки. Јавните консултации во креирањето политики, активното граѓанство, принципи на транспарентност и отчетност, инклузивен локален развој се клучните прашања што ги решаваме преку широк спектар локални и регионални проекти кои ангажираат различни делови од локалната заедница, со посебен акцент на младите, жените и маргинализираните групи.

Мисијата на БНЛД е да ја зајакне соработката помеѓу граѓанското општество и локалните власти. Што мислите дека е клучот за една успешна соработка?
Сметам дека соработката помеѓу граѓанското општество и локалните власти е клучен предуслов за признавање на граѓанските организации како релевантен и доверлив партнер во целокупниот реформски процес. Дополнително, граѓанските организации и локалните власти се „природни“ партнери и двигатели на промовирање на вредностите и стандардите на Европската унија за добро демократско владеење. Советодавната и мониторинг улогата на граѓанските организации со посебен фокус на ефективно спроведување на мерките за креирање на политики создава цврсти основи за перманентно образование за активно граѓанство и граѓански иницијативи кои придонесуваат за отчетни и одговорни перформанси на локалните јавни власти.

На која од вашите активности најмногу се гордеете?
Секако дека има голем број на активности што ги развивме и реализиравме досега на локално и регионално ниво. Тие еволуираа паралелно со нашите организациски капацитети за управување и координирање на проектите за локална, прекугранична и регионална соработка. Така, на пример, мрежата на АЛДА беше ангажирана во организација на голема програма за регионално помирување во рамките на проектот EU Instrument for Stability што се одвива во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Regional Youth Compact for Europe е уште една успешна приказна со која се гордееме. Оваа повеќегодишна иницијатива за соработка која вклучува младински групи од различни заедници во интензивно градење капацитети и интеркултурна размена е една од нашите најнови водечки иницијативи што ја става нашата мрежа на мапата на релевантни регионални тематски граѓански организации. Проектите Monumental 9 и CulTour придонесоа за дополнително зајакнување на нашите капацитети за младинско културно учество и вреднување а на културното наследство како локален развоен ресурс. Конечно, развојот кој го покажавме при вмрежување на граѓанските организации за подобра локална власт ни овозможи да создадеме соодветни алатки за дигитално учество, алатки за застапување, онлајн учење и центар за ресурси за развој на граѓанското општество и одржливи механизми за учество и граѓански иницијативи на локално ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...