fbpx
Таг: војна

таг: војна

Вистиномер: Бајден не вели дека ,,излезот е Трета светска војна”

Американскиот претседател, Џо Бајден, во интервјуто се осврнува на санкциите кои што САД и ги наметна на Русија, а кои, според Бајден, се неопходни за да нема Трета светска војна. Вака пренесената порака е сосема поинаква од онаа во насловот од текстот кој го рецензираме, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот на САД Џо Бајден во интервју спроведено...

Во недела протестен марш во Скопје против руската агресија во Украина

Здружението на украинците во Република Северна Македонија, „Лесја Украинка“ ги повикува граѓаните да излезат на утрешниот протест кој ќе започне во 14:00 часот со собир кај споменикот „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“.  „Ги повикуваме сите свесни граѓани да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот...

Анализа на „Порталб“: Економски последици – кризно „цунами“ од Русија, преку Украина и ЕУ до Македонија!

Пред околу 15 години Русија беше еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, со трговска размена поголема од 660 милиони евра. Петнаесеттина години подоцна – Русија е на 20. место како трговски партнер на земјава. Но, и натаму останува високата зависност на земјава од руските енергенси – од гасот кој од Русија преку Украина и европската траса завршува во...

Сведоштва од Украина: „Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас“

„Не знам како да го опишам преку зборови, не знам како да го вметнам во зборови она што го чувствуваме, она што се случува овде. Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас.“ Со овие зборови Марина Соловеи, која што во моментов се наоѓа во Киев, а инаку е поранешна учесничка на натпревари за убавина...

Пожарот во најголемата нуклеарна централа е изгаснат, Зеленски ја обвини Русија за нуклеарен тероризам

Руските сили ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа, откако зградата во комплексот беше запалена за време на интензивните борби со украинските бранители, соопштија во петокот украинските власти, пренесе Ројтерс. Стравот од потенцијална нуклеарна катастрофа во централата Запорожје ја прошири тревогата низ светските метрополи, пред властите да кажат дека пожарот во зградата идентификувана како центар за обука, бил изгаснат. Американскиот секретар...

Русија се соочува со истрага за воени злосторства, младите Руси протестираат против војната

Покрената е истрага за можни воени злосторства во Украина, откако Русија беше обвинета за бомбардирање цивили, објави Би-Би-Си. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд рече дека се собираат докази за наводни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Ваквиот потег на судот доаѓа откако 39 земји побараа да се отвори истрага. Градовите, вклучително и главниот град Киев, Харков и Херсон беа под...

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви. Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои најмалку 2 деца, јави официјалниот...

НАТО: Нема потреба да се менува нивото на нуклеарна тревога

Шефот на НАТО вели дека Алијансата не гледа потреба да го промени нивото на тревога за нуклеарно оружје, и покрај заканите на Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, зборуваше за Асошиејтед прес по разговорите за европската безбедност со полскиот претседател Анджеј Дуда, воздухопловната база во Полска, каде што се наоѓаат полските и американските борбени авиони на НАТО. „Ние секогаш ќе...

Ковачевски: Земјава е безбедна, бараме итен прекин на воените дејствија

Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот Димитар...

И ноќеска битки, досега загинале 198 Украинци, од кои 3 деца

Во руската инвазија на Украина, што започна рано утрото во четвртокот, 24 февруари, досега животите ги загубиле 198 Украинци, од кои три се деца, соопшт утрово украинскиот министер за здравство, Виктор Љашко. Во текот на изминатава ноќ се водеа борби меѓу украинските одбранбени сили и руските вооружени сили. Според украинската страна, успешно биле потиснати руски трупи кај воена база на...

[Галерија+Видео] Протест пред Руската амбасада во Скопје: „Путин е фашист“, скандираа присутните

Од плоштадот „Македонија“ во Скопје па сè до Руската амбасада денеска десетици граѓани се собраа на протест против руската воена инвазија врз Украина. Скопјани и граѓани од другите градови на земјата, како и Украинци кои живеат тука маршираа пеејќи украински песни и извикуваа „Путин е фашист, Путин е убиец“, додека на нивните транспаренти пишуваше „тргнете ги рацете од Украина,...

Во Киев поделени 18.000 автоматски пушки на доброволци да се вклучат во одбраната

Додека Киев татни од експлозии и од рафални истрели и многу луѓе се во скривалишта подготвени од украинската држава, а дел самостојно се евакуираа од главниот град на Украина, во северниот дел на градот уште се водат битки меѓу украинските одбранбени сили и руските војници и воена механизација што се обидуваат да напредуваат кон центарот на градот, каде се...

Се води битка за Киев, ракети паѓаат по улици и згради

Во северен Киев во моментов се одвива битка меѓу украинските одбранбени сили и руските војници, кои се обидуваат да се пробијат до центарот, односно до објектите на власта на Украина. Официјалните извештаи од терен се скудни, но на социјалните мрежи граѓани објавуваат видеа за руски ракети што паѓаат во населбите. Во меѓувреме, разузнавачките служби на САД се загрижени дека Киев...

Во Киев влегуваат руски војници и тенкови, досега погодени 33 цивилни цели

Од рано утрово руската војска, која што 24 часа претходно ја почна агресијата на Украина, испалуваше ракети на главниот град Киев, а војници и колони руски тенкови неколку часа потоа почнаа да навлегуваат во градот. Како што извести заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, нападите со ракети врз Киев почнале околу 4 часот по локално време (5 часот по...

Во Киев упатен повик до граѓаните да се засолнат, четири ракети истрелани од Белорусија кон Украина

Градските власти на Киев ги повикаа граѓаните итно да се засолнат поради руски воздушен напад, јави украинскиот медиум на англиски јазик „Кијив Индепендент“. Киевскиот градоначалник Витали Кличко, поранешен светски боксерски шампион, вели дека граѓаните на Киев се шокирани од експлозиите во градот и побара Западот да се обедини за да ѝ помогне на Украина. Кличко прогласи полициски час од 22...

Жестоки борби во Харкив, украинската власт почнува да раздава оружје на заинтересираните граѓани

Руски тенкови се веќе влезени во Харкив, најголемиот град во североисточна Украина и втор по големина во Украина по Киев, јавува Би-Би-Си од Киев, повикувајќи се на извори од теренот. Таму веќе се водат и копнени борби, а непријателот трпи загуби во жива сила, соопшти украинскиот генералштаб. Според Укринформ, украинските сили уништиле 6 авиони, 2 хеликоптери и десетици оклопни единици...

Русија навлезе од четири правци во Украина, загинаа најмалку тројца украински граничари

Најмалку тројца украински граничари се загинати во рускиот напад над Украина утрово, соопшти Украинската амбасада во Скопје. По ракетирањето и гранатирањето на цели во Украина, руски војници масовно навлегуваат во земјата од четири места, вклучувајќи го и Крим на југот. Во битките се вклучени и авијациите на двете земји. Во моментов пристигнуваат и првите извештаи за нанесени штети и...

Руските војски ја нападнаа Украина – експлозии во голем број градови низ земјата вклучувајќи го и Киев

Руската војска рано утрово, околу 5 часот по локално време ја започна воената инвазија на Украина. Земјата е нападната од повеќе правци, а експлозии има во повеќе градови, вклучувајќи го и главниот град Киев. Самата инвазија ја најави претседателот на Русија Владимир Путин во ТВ обраќање утрово. Тој иако тврдеше дека нема да ја окупира Украина, додаде дека секој обид...

Израелските сили со најобемни бомбардирања на Појасот Газа досега

Израелските сили утринава спроведоа жестока кампања на напади, со огромен број бомбардирања на Појасот Газа од почетокот на новите воени судири пред една седмица. Палестинските сили возвратија со ракетни напади врз населени места на југот на Израел, јави Би-би-си. Израел порача дека гаѓал цели на милитантната палестински организација Хамас и домови на неколку нивни команданти, но нанесени се и штети...

Над 220 загинати лица во еднонеделните судири меѓу Азербејџан и Ерменија, конфликтот ескалира

Ескалираат судирите меѓу Азербејџан и Ерменија околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Војските на двете страни меѓусебно се обвинуваат за жестоки гранатирања на населени места, кои резултираат со сè поголем број на загинати и повредени граѓани. Ерменија и властите на непризнаената република Нагорно-Карабах обвинуваат дека азербејџанската војска со турски ракетни системи го нападнала главниот град Степанакерт. Уништени се станбени згради, а...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...