Во Киев упатен повик до граѓаните да се засолнат, четири ракети истрелани од Белорусија кон Украина

-

Градските власти на Киев ги повикаа граѓаните итно да се засолнат поради руски воздушен напад, јави украинскиот медиум на англиски јазик „Кијив Индепендент“.

Киевскиот градоначалник Витали Кличко, поранешен светски боксерски шампион, вели дека граѓаните на Киев се шокирани од експлозиите во градот и побара Западот да се обедини за да ѝ помогне на Украина. Кличко прогласи полициски час од 22 часот до 7 часот утре.

Во меѓувреме, судирите меѓу руските и украинските воени сили се интензивираат.

Во Харкив, вториот по големина град во Украина, кој е на североистокот на земјата, прозорците на живеалиштата постојано се тресат од експлозиите од артилерскиот оган и од руските и од украинските сили.

Како што соопшти амбасадата на Украина во Скопје, четири балистички ракети се истрелани од територијата на Белорусија во југозападен правец.

Жестоки судири има и попладнево кај Одеса и Мариупол, на црноморскиот брег.

Според очевидци што пренесуваат на Твитер, руски војници што навлегле од Белорусија влегле во зоната на Чернобил, односно нуклеарната електрана каде се случи огромната хаварија во 1986 година. Според наводите, украинските сили даваат жесток отпор бранејќи го складот за радиоактивен отпад.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, руските сили се обидуваат да ја заземат централата, а украинските војници ги положуваат животите за да ја одбранат, пренесува „Кијив Индепендент“.

Како што пренесува Си-Ен-Ен повикувајќи се на украинските власти, седум лица загинале и 17 се повредени во ракетен напад на украинска воена база североисточно од главниот град на Украина. Нападната е базата во Бровари, каде се стационирани украинските Специјални сили. Инаку, тоа е еден од повеќето напади што се извршени денеска на цели близу Киев.

На многу места низ Украина се водат битки со воените сили на Русија, соопшти украинското министерство за внатрешни работи. Жестоки судири, покрај во регионот на Киев, има кај аерoдромот Хостомел, потоа близу Шчастија во регионот Луханс и Суми.

„Во моментов, близу градот Суми, граничните сили и офицери на Националната гарда влегоа во битка против рускиот агресор, се дава отпор“, рече Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи.

Тој посочи дека жестоки се борбите и кај аеродромот Хостомељ.

Како што соопшти Операцијата на здружените сили, украинските војници користеле антитенковски ракети „Џавелин“ и неутрализирале конвој руски тенкови кај гратчето Хлухив, во регионот Суми. Според наводите онеспособени се 15 руски тенкови.
Извршен е руски напад и на островот Змијни, од руски бродови што се близу овој остров во Црното Море.

Според украински извори, руски артилериски гранати ја погодиле болницата во Вухледар во регионот Донецк, при што се убиени четири цивили а 10 се повредени.

Француската агенција Франс-прес ја пренесува информацијата од украинските официјални власти дека во започнатиот напад врз Украина досега загинале минимум 68 лица, а најсмртоносен бил ударот врз украинска воена база во близина на Одеса со најмалку 18 загинати лица.

Путин му честиташе на Трамп за победата на изборите, го нарече „храбар“

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. За време на широко обраќање на настан во градот Сочи, Путин го нарече...