fbpx

Русија навлезе од четири правци во Украина, загинаа најмалку тројца украински граничари

-

Најмалку тројца украински граничари се загинати во рускиот напад над Украина утрово, соопшти Украинската амбасада во Скопје. По ракетирањето и гранатирањето на цели во Украина, руски војници масовно навлегуваат во земјата од четири места, вклучувајќи го и Крим на југот. Во битките се вклучени и авијациите на двете земји. Во моментов пристигнуваат и првите извештаи за нанесени штети и загубени човечки животи.

Со ракети „Смерч“ руската војска бие по предградијата на градот Харкив, соопшти официјалниот информативен сајт на украинската влада.

Во западниот дел на Украина во напад на руски ракети е уништен Ивано-Франкивскиот аеродром и депоата со горива и мазива, по што Русија го започнала и нападот на аеродромот во Лутск.

Во Лвив, најголемиот град во Западна Украина вијат сирените за тревога и луѓето се евакуираат. И во Киев е прогласена тревога набргу откако утрово околу 5 часот по локално време.

По нападите на магацините на украинската војска кај Кривиј Рих, се евакуира населението од овој град.

Руски тенкови, борбени возила и оклопни транспортери навлегоа на украински територија во регионите на Чернихив, Суми, Луханск и Харкив. На копнената инвазија претходеа ракетирања и артилериски напади.

„Граничните воени единици на Украина во четирите региони, но и во Житомир се нападнати, но водат борба со непријателот“, соопшти амбасадата на Украина во Скопје. „Во областа на населените места Копани и Иваново на Херсонската област, војниците се борат со непријателот. Во областа Скадовск, украинската гранична команда за брза реакција во борбите со непријателот користи и хеликоптери“, додадоа од таму.

Како што посочуваат од амабсадата, Русија врши и груби злоупотреби, оти во Луганскaта област, на границата на Красна Таливка, Милове, Городишче пред колоните руски тенкови возеле бели автомобили со симболи на ОБСЕ.

Ракетни напади се извршени и на цели близу главниот град Киев. Нападнат е еден од објектите на Државната гранична служба на Украина во Кијивската област.

На копнената инвазија на Украина од страна на вооружените сили на Русија претходеа ракетни и артилериски напади и на многу други места.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски порача дека станува збор за неоправдана и цинична инвазија.

„Русија започна нова воена операција против нашата држава, воена состојба се воведува низ целата територија на Украина. Денес изутрина Русија започна нова воена операција против нашата држава. Ова е неоправдана лажна и цинична инвазија“, порача Зеленски.

Тој додаде дека „Украинците никогаш никому нема да ја дадат својата слобода и независност“.

„Само ние самите, сите граѓани на Украина, од 1991 година ја одредуваме нашата иднина. Но, сега се решава судбината не само на нашата држава, туку и тоа, каков ќе биде животот во Европа“, рече Зеленски додавајќи дека „од чесниот и праведен одговор на светот на оваа агресија зависи дали ќе остане барем нешто од силата на меѓународното право“.

На граѓаните на Украина им порача да останат дома.

„Предупредете ги вашите најблиски за тоа што се случува. Грижете се за оние на кои им е потребна помош“, порача Зеленски.

Претседателот на Русија пак, воената инвазија над Украина ја оправда во телевизиско обраќање рано утрово. Тој рече дека тоа било неопходно за да се заштитат цивилите во источна Украина – лажно тврдење кои Соединетите држави предвидоа дека ќе се случи како оправдување за инвазија.

Путин во обраќањето ги обвини САД и сојузниците дека го игнорираат барањето на Русија да се спречи членувањето на Украина во НАТО. Потоа посочи дека Русија нема намера да ја окупира Украина, туку сака да ја „демилитаризира“ и да ги „доведе пред правдата тие што извршиле злосторства“.

Рускиот претседател, потсетувајќи дека Русија е нуклеарна сила, предупреди „никој да нема сомнеж дека директен напад над нашата земја ќе води кон уништување и страшни последици за кој било потенцијален агресор“. Тој потенцираше дека Русија е „една од најмоќните нуклеарни сили и исто така има одредена предност во однос на серија модерни оружја“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...