Жестоки борби во Харкив, украинската власт почнува да раздава оружје на заинтересираните граѓани

-

Руски тенкови се веќе влезени во Харкив, најголемиот град во североисточна Украина и втор по големина во Украина по Киев, јавува Би-Би-Си од Киев, повикувајќи се на извори од теренот.

Таму веќе се водат и копнени борби, а непријателот трпи загуби во жива сила, соопшти украинскиот генералштаб. Според Укринформ, украинските сили уништиле 6 авиони, 2 хеликоптери и десетици оклопни единици на Русија.

Во рускиот напад и копнена инвазија на речиси целата територија на Украина беа ракетирани или гаѓани со артилерија украински цели, од Краматорск на истокот на Украина, преку Мариупол и Одеса на југот, на црноморскиот брег, до градот Ивано-Франкивск, близу границите со Романија и Словачка, до главниот град Киев, кој е во релативна близина на границата со Белорусија, од каде што исто така имаше напади, соопштува Би-Би-Си.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на брифинг од Киев соопшти дека властите ќе даваат оружје на секој граѓанин на Украина кој е подготвен да се вклучи во одбраната на земјата, пренесе информативниот сервис на украинските власти Укринформ. Тој соопшти дека до тој момент има извештаи за околу 40 загинати украински војници.

„Ние веќе издаваме оружје и ќе го издаваме на сите заинтересирани што се способни да го заштитуваат нашиот сувереитет, заради заштита на нашата земја. Од секој граѓанин зависи иднината на украинскиот народ. Секој што има војничко искуство и може да се приклучи на одбраната на Украина, треба веднаш да се упати кон соодветниот центар за опремување“, рече Зеленски, напоменувајќи дека веќе се повикани на должност сите воени резервисти.

Украинскиот претседател Зеленски издаде указ за прогласување воена состојба на целата територија на земјата, што беше усвоено од Врховната Рада, односно парламентот, извести Укринформ.

Зеленски извести и дека Украина ги прекинала дипломатските односи со Русија.

Како што јавува Би-Би-Си, дел од населението во Киев и другите градови се обидува да се евакуира, а луѓе бараат засолниште и во метро станиците. Огромни редици се создаваат пред бензинските пумпи и банкоматите, иако украинските власти повикаа граѓаните да се однесуваат смирено.

Руската офанзива почна по обраќањето на рускиот претседател Путин утрово во 3.55 часот по македонско време. Русија ракетираше и гаѓаше со артилериски орудија голем број аеродроми и капацитети на украинската војска, од касарни до магацини, а имаше и бомбардирања од руски воени авиони. Украинските гранични сили влегуваа во оружени судири со руските воени единици коишто извршија копнена инвазија.

Бројките на загинати цивили и војници се зголемуваат од минута во минута.

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека...

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Моментално во тек е бета верзијата (бета тестирање од отворен тип) на една од најочекуваните игри за оваа година - „Dune Awakening“. Бета клучевите за пристап се доделуваат преку Steam. Очекувањата...

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247...

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Во рамки на Планот за раст на ЕУ, за Северна Македонија се планирани 750 милиони евра, наменети за спроведување на реформи. Сепак, во јавноста постоеја многу прашања во врска со тоа...

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне...