среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: експлозии | 34 резултати

Сонцето исфрли гигантски факел во неделата и предизвика пречки во радиокомуникациите

јули 4, 2023

Експлозијата од гигантска дамка на Сонцето што се се случи во неделата предизвика огромен „сончев факел“ што достигна до Земјата и предизвика прекини во телекомуникациите во делови на САД и во Пацификот. Сончевата дамка AR3354 од која што изби факелот е седум пати поширока од  Земјината топка, пренесува Space.com. Овој сончев факел во неделата попладне […]

Русија изврши нови воздушни напади врз украински градови

јуни 20, 2023

Русија изминатава ноќ изврши нови воздушни напади врз неколку украински градови, пренесува Гардијан. Нема информации за жртви во нападите, но информациите од украинските власти говорат дека биле нападнати главниот град Кијив и Лвив во западниот дел на Украина. Воената администрација на Кијив соопшти дека Москва извршила напад со беспилотни летала во раните утрински часови во […]

Шестмина загинати и десетици повредени во ракетни напади во Украина денеска и вчера, напади и во Кијив

јуни 26, 2022

Кијив, главниот град на Украина денеска беше цел на ракетни напади од руските сили. Еден удар на ракета разурна станбена зграда, при што еден цивил загина, а уште најмалку четиримина се повредени – меѓу нив и дете. Нападите беа насочени на централното подрачје, при што една ракета падна и во дворот на детска градина, известува […]

Сведоштва од Украина: „Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас“

март 4, 2022

„Не знам како да го опишам преку зборови, не знам како да го вметнам во зборови она што го чувствуваме, она што се случува овде. Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас.“ Со овие зборови Марина Соловеи, која што во моментов се наоѓа во Киев, а инаку е поранешна учесничка […]

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

март 3, 2022

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви. Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои […]

Во Киев влегуваат руски војници и тенкови, досега погодени 33 цивилни цели

февруари 25, 2022

Од рано утрово руската војска, која што 24 часа претходно ја почна агресијата на Украина, испалуваше ракети на главниот град Киев, а војници и колони руски тенкови неколку часа потоа почнаа да навлегуваат во градот. Како што извести заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, нападите со ракети врз Киев почнале околу 4 часот по […]

Жестоки борби во Харкив, украинската власт почнува да раздава оружје на заинтересираните граѓани

февруари 24, 2022

Руски тенкови се веќе влезени во Харкив, најголемиот град во североисточна Украина и втор по големина во Украина по Киев, јавува Би-Би-Си од Киев, повикувајќи се на извори од теренот. Таму веќе се водат и копнени борби, а непријателот трпи загуби во жива сила, соопшти украинскиот генералштаб. Според Укринформ, украинските сили уништиле 6 авиони, 2 […]

Експлозии во складишта за оружје од 2014 година причина за протерувањето дипломати меѓу Чешка и Русија

април 19, 2021

Мистериозната експлозија во две чешки складишта за оружје во 2014 година е причината за заладувањето на односите меѓу Чешка и Русија. Чешките власти тврдат дека бараат двајца руски државјани кои се директно одговорни за настанот од пред седум години, во кој загинаа двајца чешки граѓани. Државните власти од оваа земја на 17 април изнесоа информација, […]

Силни експлозии го погодија попладнево Бејрут, има мртви и повредени

август 4, 2020

Главниот град на Либан, Бејрут попладнево го погодија силни експлозии, од кои има мртви и загинати. Либанските здравствени и безбедносни власти јавуваат за најмалку 10 загинати и најмалку 400 повредени лица. Експлозиите се случиле во пристанишниот дел на град, а првичните информации говорат дека најпрво се случила експлозија на нитрат или експлозив во депото на […]

Експлозии во складиште со оружје во Азербејџан – шест повредени

август 27, 2017

Најмалку шест лица се повредени откако пожар зафати складиште за оружје, во воена база во Азербејџан, по што следуваа неколку експлозии, јавуваат азербејџанските медиуми. Засега не се знае дали повредените се цивили или војници. Поради експлозиите и пожарот, евакуирани се жителите на околните села, а затворен е и автопатот кој главниот град Баку го поврзува […]

Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Кабул

јуни 3, 2017

Најмалку 12 лица загинале во бомбашки напад кој денеска се случил за време на погреб во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат светските агенции. Три експлозии, како што пренесуваат агенциите, биле пријавени на гробиштата во областа Хаир Хан, каде бил погребот на син на локален политичар. Тој бил меѓу демонстрантите кон кои пукала полицијата за време […]

Жестока офанзива на Мосул, се слушаат експлозии и пукање

декември 29, 2016

Ирачките сили утринава, по две недели затишје, ги продолжија борбите за Мосул, кој се наоѓа во рацете на Исламска држава, соопштија извори блиски до ирачките сили за безбедност. Војската на Ирак, со помош на авијацијата, специјалните единици и на полицијата повела офанзива на неколку предградија на Мосул. Странските новински агенции јавуваат дека жителите на Мосул […]

Дваесет лица се повредени во две силни експлозии во Истанбул

декември 10, 2016

Две силни експлозии се случија вечерва во Истанбул, во близина на стадионот на клубот „Бешикташ“, јавуваат светските медиуми. Според првичните информации, една од експлозиите се случила во трговски центар, а другата во близина на место каде што се наоѓал полициски автобус. Потврдено е дека најмалку 20 лица се повредени, а полицијата го сопрела сообраќајот околу […]

Уапсен осомничениот за нападите во САД

септември 19, 2016

Уапсен е осомничениот за нападот во саботата во Менхетен и за денешната експлозија во Њу Џерси. Станува збор за Ахмад Хан Рахсми, 28-годишен Авганистанец, кој добил американско државјанство. Уапсен е во градот Линден, на 15 километри од Елизабет во Њу Џерси, по престрелка со полицијата.

Шест загинати и 13 повредени во две експлозии во Авганистан

август 29, 2016

Шест лица загинаа во експлозија во јужната авганистанска провинција Хелманд, каде во последните неколку недели се водат тешки борби меѓу талибанците и безбедносните сили, соопшти портпаролот на покраинскиот гувернер, Омер Звак. Пет лица, од кои три жени и две деца, се ранети во нападот, а сите се од исто семејство. Во друга експлозија, која се […]

Четири лица загинаа, а десетици се повредени во две експлозии во Турција

август 10, 2016

Четири лица загинаа, а неколку десетици се повредени во две експлозии во јужниот дел на Турција, јавуваат светските медиуми. Како што пишуваат медиумите, едната бомба во која ранети биле дваесетина лица, експлодирала во градот Кизилтепе. Втората експлозија во која четири лица загинале, а десетина биле повредени се случила во градот Дијабакир, Се верува дека зад […]

Португалија: Пожар предизвика верижна експлозија на 422 возила

август 4, 2016

Вкупно 422 автомобили експлодираа откако шумски пожар се прошири на паркиралиште на португалскиот музички фестивал под отворено небо „Андансаш“ во округот Порталегри. Нема повредени во експлозиите и во пожарот. Спасувачките екипи навремено ги евакуирала 4.000 лица кои биле присутни на фестивалот. Музичарот Педру Мештре изјави возилата експлодирале едно по едно, како пуканки, додека стихијата беснеела […]

Во две експлозии во Багдад загинаа 80 лица

јули 3, 2016

Во две експлозии во Багдад загинаа 80, а ранети се 160 лица, јавува „Раша тудеј“. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем. Портпаролот на ирачката полиција, Саад Ман, потврдил дека првата експлозија била предизвикана со детонација од автомобил бомба. И двете експлозии се случиле во области каде што има трговски центри, а […]

МНР го осуди нападот во Белгија

март 22, 2016

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осудува овие напади во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени. За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Белгија, од МНР сугерираат заинтересираните да се […]

Нема информации за повредени македонски државјани во експлозиите во Брисел

март 22, 2016

Серија експлозии од утринава се случија во Брисел, Белгија, во кои, според последните информации, најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени. Две експлозии рано утрово имаше на бриселскиот аеродром „Завентем“, а некои медиуми пишуваат за експлозии што се случиле и во неколку метро-станици во Брисел. Белгиските власти потврдија дека сите метро-станици, целиот јавен транспорт, музеите […]

Страна 1 од 2