Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осудува овие напади во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени.

За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Белгија, од МНР сугерираат заинтересираните да се обратат во македонската амбасада во Брисел и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Лице за контакт: Владо Дамјанов, административно-конзуларен референт во ДКП Брисел

Телефони: 0032 2 7329108 и 00322 734 56 87
Мобилен телефон: 0032 489 01 44 94

Адреса: Rue de la Loi, 38 1040 Brussels

Е-пошта: brussels@mfa.gov.mk