fbpx

Силни експлозии го погодија попладнево Бејрут, има мртви и повредени

-

Главниот град на Либан, Бејрут попладнево го погодија силни експлозии, од кои има мртви и загинати. Либанските здравствени и безбедносни власти јавуваат за најмалку 10 загинати и најмалку 400 повредени лица. Експлозиите се случиле во пристанишниот дел на град, а првичните информации говорат дека најпрво се случила експлозија на нитрат или експлозив во депото на пристаништето, по што следувала втората огромна експлозија со густ облак на чад, која оштетила објекти на одделеченост и до 10 километри и се почувствувала дури и во Кипар.

Експлозиите предизвикаа огромни оштетувања на пристаништето во Бејрут, оштетена е и владината зграда, претседателската палата, куќата на поранешниот либански премиер Саад ал-Харири, како и бројни други зданија во Бејрут. Детални информации околу причините на експлозијата засега не се соопштуваат од либанските власти.

Првичните изјави на властите говорат дека бројката на повредени и загинати лица може да расте. Либанскиот претседател Мишел Аун нареди либанската војска да се упати на местото на експлозиите за да се справи со последиците. Екипите на противпожарната бригада и понатаму го гаснат пожарот, а екипите на брзата помош и припадниците на војската ги пребаруваат разурнатите објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...