fbpx

И ноќеска битки, досега загинале 198 Украинци, од кои 3 деца

-

Во руската инвазија на Украина, што започна рано утрото во четвртокот, 24 февруари, досега животите ги загубиле 198 Украинци, од кои три се деца, соопшт утрово украинскиот министер за здравство, Виктор Љашко.

Во текот на изминатава ноќ се водеа борби меѓу украинските одбранбени сили и руските вооружени сили. Според украинската страна, успешно биле потиснати руски трупи кај воена база на една од главните сообраќајници во Киев, јави Би-БиСи.

Погодена е една станбена зграда во Киев, при што се нанесени големи штети.

Од утрово целата мрежа на метрото во Киев и сите станици престануваат со функција и станиците ќе бидат скривалишта за граѓаните, поради ракетните и други воздушни напади на градот од страна на руските вооружени сили, со кои беа нанесени штети на голем број градби и сообраќајници, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, и поранешен светски боксерски шампион Витали Кличко.

Утрово во населбата Соломјански во Киев од руски проектил беше погоден магацин, при што едно лице загина, соопштува украинската државна агенција „Укринформ“.

Иако Киев, односно освојувањето на Претседателството, Владата и Парламентот, по се изгледа, останува главна цел на руските војски, борби се водат и на други места, главно крај и во најголемите градови на Украина.

До утрово руските вооружени сили ги прераспоредуваа резервните единици во областите што граничат со Украина и продолжува да изведува воздушни напади врз аеродроми, единици и трупи на вооружените сили на Украина, во источна Украина и во северниот дел на Кијивската област, соопшти амбасадата на Украина во Скопје.

Беа извршени поединечни воздушни напади во регионите Суми, Полтава, Мариупол. Од Црното Море, непријателот лансираше крстосувачки ракети со поморска база Калибар кон територијата на Украина.

Тактичката авијација на Руската Федерација е контролирана од територијата на Белорусија и Крим. Во областа на Мозир има баталјонски тактички групи на 35-та армија на Источниот воен округ, кои можат да бидат искористени за нанесување удари по објекти на територијата на Украина.

Утврдена е привремената локација на десетици единици тенкови во реонот на Шумске и ракетни системи БМ-21 „Град“ во областа Косившчина.

Руските вооружени сили постојано користеа оперативни и тактички авиони во областите Јужниј и Одеса, на аеродромот Озерне и во цивилните инфраструктурни објекти во Кијивската област.

Во насока Слобожански, оперативна група на Вооружените сили на Украина ја запре офанзивата на непријателот и продолжува да води одбранбени битки во Харковската област. Во Охтирка се водат градски битки, соопштува амбасадата на Украина во Скопје.

Единиците на воздухопловните сили на Украина ги одбиваат непријателските воздушни напади, уништен е воено-транспортен авион ИЛ-76МД со десантен тим на руските сили. Продолжува спроведувањето на систематски воени дејствија, односно нанесување огнена штета на непријателска жива сила и воена техника во Кијивската, Чернигивската и Херсонската област.

Единици на Здружените сили спроведуваат одбранбена операција и ги држат позициите по целата линија на разграничување.

Проценетите загуби на непријателот изнесуваат: авиони – 14 , хеликоптери – 8, тенкови – 102, ББМ – 536, топови – 15 единици, Противвоздушен ракетен систем „Бук“ – 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...