fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од Москва стигнаа закани дека...

Интервју со украинската новинарка Зоја Красовска: Руските дезинформации го загрозуваат целиот свет

Од почетокот на руската агресија во Украина, на 24 февруари 2022 година, дневните информативни хроники на сите медиуми во нашата земја се полни со информации за состојбата на воените борби таму. За тивката и лукава војна преку пропаганда и дезинформации на Кремљ, се зборува многу малку. Украинската новинарка и аналитичарка Зоја Красовска во ексклузивно интервју за Portalb.mk раскажува за...

На фотографијата се Кончита Вурст и нејзиниот менаџер, а не премиерот на Луксембург и неговиот партнер

Не е точно тврдењето дека на фотографијата што се шири на Фејсбук се прикажани премиерот на Луксембург,  Ксавиер Бетел и неговиот партнер. На фотографијата се австриската пејачка Кончита Вурст и нејзиниот деловен менаџер Андре Карсаи. Фотографијата ја направил австрискиот фотограф Џеф Мангионе, а ја објавил австрискиот весник Куриер на 28 февруари 2019 година на денот на настанот со наслов:...

Не е точно дека ковид вакцината на Фајзер предизвикува машка неплодност

Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, „Вистиномер“ не пронајде никакви докази дека самата компанија „Фајзер“ имала објавено извештаи кои наводно покажувале дека нивните вакцини против ковид-19 може да предизвикаат неплодност кај мажите и дека тоа се знаело уште во фазата на проучување на лекот. Во фазата на создавање на вакцините немаше испитувања на плодноста, но подоцна сите испитувања...

Путин го негира украинскиот идентитет, а обвинувањата за наводен геноцид се изговор за нападот на Украина

Постот дезинформира и манипулира кога тврди дека Русија не го негира украинскиот идентитет, дека Русија го бранела руското малцинство врз кое се вршело геноцид од страна на некакви инсталирани власти. Сето ова е погрешно и во согласност со руската интерпретација на работите со кои Путин го оправда својот напад врз Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Постот манипулира со изјавата на Лајен и го величи Путин дека спречил „перверзни педофилски планови“

Од најавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен дека ќе организира конференција за враќање на украинските деца од Русија, оваа објава на Фејсбук  прави манипулативна конструкција во која се извртуваат тезите и се воздигнува рускиот претседател Владимир Путин. Тврдењето дека Путин им ги уништил „перверзните планови на педофилите“ за децата од Украина, ја искривува вистинската слика...

Нема докази дека ковид вакцините се причина за зголемување на мозочните и срцевите удари

Наспроти тврдењето во постот нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат какви било компликации кои би довеле до трипати зголемен број на срцеви удари или петкратно зголемување на мозочните удари. Нема ниту информација или доказ дека тие пациенти кои ја формираат повисоката бројка на лица со удари се воопшто вакцинирани. Но, за разлика од вакцините, е потврдено (и со...

Фотографија од работилница за семејство злонамерно извадена од контекст

Директорката на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ за Вистиномер вели дека на фотографијата споделена во постот има татко и синови и мајка и ќерка (еднородителско семејство и згрижувачко семејство). Родителите коишто реагирале, по консултацијата во училиштето се извиниле и го прифатиле објаснувањето од училиштето, пишува Вистиномер.   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: “Се е отидено. Секој има право да си прави дома што...

Ковачевски пред една недела знаеше кој е ставот на Груевски за уставните измени, а сега не знае

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски се доведе во ситуација на недоследност во изјавите околу ставот на претходниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Причина за ова најверојатно е војната што се води меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој има „пишманџии“ во своите редови околу уставните измени, со кои Бугарите треба да бидат споменати како посебна етничка заденица во...

Врабчев: Примитивниот национализам во Бугарија доаѓа од Кремљ

Андреј Врабчев е скулптор од Софија и кандидат на партијата „Продолжуваме со промената“ за пратеник во бугарското собрание на изборите кои ќе се одржат на 2 април.  Според него, руската пропаганда има директна врска со лошите односи помеѓу Бугарија и Македонија, а основен инструмент на таа политика е еден примитивен национализам. Врабчев се залага за изградба на железничката пруга ...

Манипулација: Путин прикажан како херој кој спасувал украински деца

Наводите изнесени во постот, дека Путин спасува деца од „педофилските канџи на Западот“, се чиста измислица и теорија на заговор за која не постојат никакви докази, ниту факти. Судот во Хаг изаде налог за апсење на Путин за воени злосторства поради депортација на украински деца од окупираните територии во Русија. Тврдењето во постот е апсурдно имајќи предвид и дека...

Контраспин: Прашањето на Ковачки за разрешување на министерката Петровска е спин

Пратеникот Драган Ковачки постави пратеничко прашање до премиерот за евентуално разрешување на министерката за одбрана поради нејзина здравствена состојба, криејќи го притоа главното – медицинското мислење се однесува на даден временски период и е издадено заради оштетно побарување на Петровска од Ковачки, кој е тужен од нејзе за клевета. Наместо тоа, Ковачки го претстави прашањето пред јавноста како прашање...

Зеленски не ги прогонува православните христијани од Украина

Во постот се пропушта контекстот кога се тврди дека „Зеленски ги затвора црквите и ги апси свештениците“. Станува збор за закон за забрана на црквите поврзани со Русија после серија претреси во кои е откриено дека се примаат наредби од Русија. Ова е главно насочено кон активностите на Украинската црква – Московска патријаршија во Украина, која е поврзана со...

Нема докази дека новинарката Алиса Карлсон колабирала поради вакцина против ковид-19

Нема информации кои се причините за онесвестувањето на новинарката на CBS Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц  за време на нашите вести во 7 часот наутро. Уште помалку некој потврдил или посочил дека тоа е последица на вакцина против ковид-19, како што е тоа претставено во постот што го рецензираме. Новинарката се огласи на социјалните мрежи, кратко заблагодарувајќи се за...

Контраспин: Сомнителна ефикасност на „планот од три столба за излез од кризата“ на ВМРО-ДПМНЕ

Најголемата опозициска партија по интервјуто на нејзиниот лидер Мицкоски на 23.03. 2023 година инсистира на тоа дека има „план за да се преброди кризата“ (со уставните измени н.з.), но не кажува дека спроведливоста и ефикасноста на тој план се речиси невозможна мисија, со што, на некој начин спинува. Во меѓувреме, продолжуваат и спиновите околу тоа која партија колку расположливи...

Лажна е фотографијата на која Путин клекнат му ја бакнува раката на Џинпинг

Настрана од фактот дека таквиот гест на потчинување би бил крајно нереален, проверката на факти сугерира дека сликата е генерирана од апликација за вештачка интелигенција (AL). Алатките за вештачка интелигенција можат да создадат фотореалистични слики кои се полни со детали и тешко се разликуваат од реалните слики, сепак тие редовно произведуваат слики што содржат грешки, особено нереално се претставуваат...

Со стари и неповрзани фотографии се манипулира дека Господ го казнил Бразил поради карневалот

Фотографиите од карневалите кои се прикажани во постот не се од оваа година, ниту пак, се од иста година, а некои не се ни од Бразил. Истото се однесува и на фотографиите коишто се од временски непогоди – и тие не се неодамнешни, а некои од нив не се од Бразил, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Децата во нашите училишта не се облекуваат како спротивниот пол, а воената обука на деца во Крим не е за фалење

Објавата што се споделува на Фејсбук шири невистини, а истовремено ѝ недостига контекст. Постот дезинформира дека деца во училиштата во С. Македонија се облекуваат како спротивниот пол. Точно е дека Русија спроведува воена обука на деца во училиштата, но тоа не е за пофалба, тоа се коси со меѓународните документи за заштита на правата на децата (Конвенцијата на ОН...

Не е точно дека Канада и ЕУ ја планирале војната во Украина

Тоа што Канада обучува украински војници од 2015 година, значи план за војна, како што невистинито се тврди во постот. Војната во Украина ја почна Русија, а операцијата УНИФЕР е тренинг од канадските воени сили и мисија за зајакнување на капацитетите на вооружените сили на Украина, којшто ќе ѝ помогне да го одбрани својот суверенитет. УНИФЕР е основана како...

Велика Британија: Осиромашениот ураниум не е нуклеарно оружје

Британската армија со децении користеше осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Русија го знае ова, но намерно се обидува да дезинформира. Независното истражување на научници од групи како што е Кралското друштво процени дека секое влијание врз личното здравје и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде ниско, соопшти британското Министерството за одбрана, пишува „Вистиномер“...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...