На фотографијата се Кончита Вурст и нејзиниот менаџер, а не премиерот на Луксембург и неговиот партнер

Објавите на премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел на социјалните мрежи во истиот ден, и во следните денови, не покажуваат дека тој воопшто присуствувал на истиот настан

-

Не е точно тврдењето дека на фотографијата што се шири на Фејсбук се прикажани премиерот на Луксембург,  Ксавиер Бетел и неговиот партнер. На фотографијата се австриската пејачка Кончита Вурст и нејзиниот деловен менаџер Андре Карсаи. Фотографијата ја направил австрискиот фотограф Џеф Мангионе, а ја објавил австрискиот весник Куриер на 28 февруари 2019 година на денот на настанот со наслов: „Оперски бал: Кончита во бел фустан и со ќелава глава“,  а истата фотографија весникот ја објавил и на 1 март 2019 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

За фотографија споделена на Фејсбук се тврди дека на неа се прикажани премиерот на Луксембург и неговиот партнер. Тврдењето е лажно. Фотографијата всушност ги прикажува австриската пејачка Кончита Вурст и нејзиниот бизнис менаџер Андре Карсаи.

Luksemburskiot premier Xavier Bettel,so svojot…

Evropski vrednosti za koi se bori nasata vlada.Se ke dademe samo da sme so niv.Razbudi se, пишува во објавата.

На споделената објава се тврди дека на сликата е прикажан луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел со неговиот партнер, како навидум присуствува на настан, едниот во црн костум, а другиот во бел фустан.

Но, на фотографијата не се прикажани ниту премиерот на Луксембург, ниту неговиот партнер. Пребарувањето на слики и клучни зборови на Интернет покажува дека на фотографијата всушност се австриската пејачка Кончита Вурст и нејзиниот деловен менаџер Андре Карсаи – а не луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел и неговата сопруга.

Фотографијата ја направил австрискиот фотограф Џеф Мангионе, а ја објавил австрискиот весник Куриер на 28 февруари 2019 година на денот на настанот со наслов: „Оперски бал: Кончита во бел фустан и со ќелава глава“,  а истата фотографија весникот ја објавил и на 1 март 2019 година.

На 28 февруари 2019 година, Кончита објавила фотографија на Инстаграм на која е облечена во истиот фустан како на сликата што е предмет на оваа рецензија, заедно со најава дека ќе присуствува на Виенскиот оперски бал. Карсаи, исто така, објавил на Инстаграм за нивното заедничко присуство на настанот.

Објавите на премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел на социјалните мрежи во истиот ден, и во следните денови, не покажуваат дека тој воопшто присуствувал на истиот настан.  (Твитер, Инстаграм).

Бетел е во брак со човек по име Готје Дестенај. Слики на парот може да се најдат на Интернет како и на официјалниот профил на премиерот на Инстаграм, кои откриваат дека ниту премиерот Бетел, ниту неговиот партнер, воопшто не личат на Кончита или на нејзиниот деловен менаџер Карсаи.

Од сите наведени факти може да заклучиме дека не е точно тврдењето дека на фотографијата што се шири на социјалната мрежа Фејсбук ги претставува премиерот на Луксембург и неговиот партнер. Вистината е дека на фотографијата е прикажана пејачката Кончита и нејзиниот менаџер.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...