fbpx

Муцунски: Високата корупција без реформи ги брка младите од Македонија

Претходната година била година на неуспеси, година без реформи, година на висока корупција и година на стагнација. Поради тоа, младите се разочарани и се иселуваат од државата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

-

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на денешната дискусија „Извештај на Стејт Департментот: Сериозна владина и судска корупција“, рече дека во извештаите од меѓународните организации се гледа фактичката состојба во Македонија. Поточно, според него, претходната година била година на неуспеси, година без реформи, година на висока корупција и година на стагнација. Поради тоа, младите се разочарани и се иселуваат од државата.

„Бидејќи, како што гледаме не се приоритет реформи во правосудство, не се приоритет реформи насочени кон економски напредок, образование, здравство. Сето тоа што е најзначајно за да ги задржиме луѓето да останат во државата и да веруваат дека ќе има напредок, туку ние, практично, јас тоа го повторувам во последниот период многу често, имаме една заробена држава, држава каде што закони, акти се носат, дејствија и постапки се превземаат единствено да се задоволи мала група која што е сега на власт“, рече Муцунски.

Според него, властите во следниот период ќе се бореле да создадат дополнителна апатија кај македонскиот граѓанин да не верува во системот, надевајќи се дека така ќе има помала излезност.

„Ова се луѓе кои што навидум зборуваат за демоктратија и демократски процеси, а најмалку што сакаат е соочување со демократските процеси, односно одржување на парламентарни избори, па да се види граѓаните во кого веруваат и кому ќе ја дадат нивната доверба“, вели Муцунски .

Тој, на граѓаните им порачал дека ќе дојдат подобри времиња, бидејќи има луѓе кои ја сакаат Македонија што го покажуваат не само на зборови туку и на дело во локалната власт и во Собранието „каде што ефективно се блокираат законски акти кои што се една симболика на оваа заробена држава, со цел да се заштитат компаниите и граѓаните“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...