fbpx

Фотографија од работилница за семејство злонамерно извадена од контекст

-

Директорката на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ за Вистиномер вели дека на фотографијата споделена во постот има татко и синови и мајка и ќерка (еднородителско семејство и згрижувачко семејство). Родителите коишто реагирале, по консултацијата во училиштето се извиниле и го прифатиле објаснувањето од училиштето, пишува Вистиномер.

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

“Се е отидено. Секој има право да си прави дома што сака но да се рекламира дека ова е среќно семејство а неговото дома не е е брука, срамота! Ова е домашна задача за 1 одделение во ОУ Св. Кирил и Методиј Центар. Ова нема да заврши вака.“

На фотографијата има работен лист со задача учениците да го опишат рецептот за среќно семејство со помош на зборовите испишани во срцето од работниот лист. Во нив се испишани зборовите доверба, грижа, љубезност, среќа, смеење, љубов и забава. Има две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото на фотографијата.

Истата содржина од постот со различен опис е споделена и на друг профил. Таму се вели:

„ПРВООДДЕЛЕНЦИ од Скопје “по грешка” учат за “среќно семејство” помеѓу двајца мажи и две жени.
🔴 Ги повикуваме сите родители чии деца учат во ОУ Св. Кирил и Методиј во Центар темелно да ги проверат нивните домашни задачи и учебниците, за да видат што учат.
🔴 Апел до родителите да бидат похрабри и упорни во заштитата на децата од ЛГБТИ+ индоктринација! Секое повлекување е директно наштетување на децата!‼️ Ова НЕ Е “грешка” “
Директорката на училиштето Соња Кирковска за Вистиномер ги испрати сите материјали од работилницата коишто биле користени дента кога истата се одржала.

„Во текот на изминатиов период се работи темата „Мојот дом“ и часовите се во корелација и со другите предмети (македонски јазик, ликовно и музичко образование). За таа цел беше направена и работилница „Моето семејство“, на која се изработија ликовни композиции, илустрации во тетратки, блокчиња, испеани се песнички за семејството. Во текот на обработката на оваа тема беше изработен и наставниот лист за којшто настана недоразбирање во неговото толкување. Доколку се разгледа наставниот лист може да се заклучи дека станува збор и за еднородителски семејства, и за петчлено семејство, но целта на часот не беше дискусија за илустрацијата за која и воопшто не стана збор, туку за техниката и вредностите кои се во самото срце. Приложениот материјал доволно говори на кој начин ги образоваме и воспитуваме во училиштето и на кој начин е обработена темата Мојот дом“велат од училиштето за Вистиномер.

Директорката Кирковска за Вистиномер додаде дека на фотографијата има татко и синови и мајка и ќерка (еднородителско семејство и згрижувачко семејство). Родителите кои што реагирале, по консултацијата во училиштето се извиниле и го прифатиле објаснувањето од училиштето.

Директорката на училиштето во јавен демант напиша дека апелот до родителите за заштита на децата од ЛГБТИ индоктринација за време на наставата е надвор од секое здраворазумие и секако е главна активност на групи, организации кои се занимаваат со оваа проблематика.

„Ние, наставниот кадар и родителите кои ни ги довериле своите деца, нема да подлегнеме на вакви притисоци и тортура врз угледот, работата и успесите на училиштето. Нашето училиште, афирмира здрава перцепција на објективната реалност, градиме здрава иднина на нашите ученици и ги негуваме сите семејни вредности. Не дозволуваме никој да ја злоупотребува среќата на нашите првоодделенци за своја корист и цел“напиша таа.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...