fbpx

Нема докази дека ковид вакцините се причина за зголемување на мозочните и срцевите удари

Нема докази дека вакцините против ковид-19 се одговорни за зголемувањето на мозочните и срцевите удари, пишува Вистиномер.

-

Наспроти тврдењето во постот нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат какви било компликации кои би довеле до трипати зголемен број на срцеви удари или петкратно зголемување на мозочните удари. Нема ниту информација или доказ дека тие пациенти кои ја формираат повисоката бројка на лица со удари се воопшто вакцинирани. Но, за разлика од вакцините, е потврдено (и со медицински студии и со изјави на лекари), дека болеста ковид-19 предизвикува кардиоваскуларни проблеми, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Медиумите: „По ковид пандемијата бројот на срцеви удари се зголемил за 3 пати, а на мозочни удари кај младите за 5 пати.
Вистината: „По примените вакцини бројот на срцеви удари се зголемил за 3 пати, а на мозочни удари кај младите за 5 пати. Жално.
Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат какви било компликации кои би довеле до трипати зголемен број на срцеви удари или петкратно зголемување на мозочните удари. Нема ниту информација или доказ дека тие пациенти кои ја формираат повисоката бројка на лица со удари воопшто се вакцинирани. Вакцинацијата во Северна Македонија не беше задолжителна, иако имаше кампања за нејзина промоција, апели и укажувања за придобивките од неа кои ги надминуваат ризиците. За разлика од вакцините, потврдено е (и со медицински студии и со изјави на лекари), дека болеста ковид-19 предизвикува кардиоваскуларни проблеми.
На пример,  началникот на одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, доктор Сашко Николов, неодамна за МИА изјави дека постковид времето е поврзано со раст на инциденцата на инфаркти.
Срцевите удари се зголемија за трипати повеќе од претходно. Инфаркти на белодробието ако сме имале по дваесет пациенти годишно, сега имаме по 15  месечно, доаѓаат, тие што ги евидентираме и што ги нотираме. Инфаркти на долни екстремитети и заболувања на крвните садови на нозете, четирипати повеќе. Тромбоза на длабоките вени на површните вени – масивно зголемено. Тромбоза на цревни артерии – огромна зголеменост. Појава на мозочни инфаркти кај млади луѓе – петпати повеќе. Сето тоа е резултат на пандемијата. Пандемијата кога почна сите ние мислевме дека е респираторно вирусно заболување дека ги напаѓа белите дробови. Како што одминуваше пандемијата сфативме дека самиот ковид  вирус влегува преку респираторните патишта меѓутоа цел на напад му се мускулестиот дел на крвните садови. Ковид прави инфламација на крвните садови која што понатаму предизвикува масивни пневмонии со тромбемболии со инфаркти итн. Така што влегуваме во пост ковид период каде кардиолозите за жал ќе имаме се поголем број на пациенти кои ќе имаат васкуларни заболувања, рече во интервјуто доктор Николов.

Тој не е единствениот доктор кој тврди дека ковид предизвикува проблеми и со срцето и со артериите и дека може да доведе до мозочни и срцеви удари.

Хопкинс медисин пишува дека срцев удар тип 2 е почест со ковид-19.
Овој срцев удар може да биде предизвикан од поголем стрес врз срцето, како срцебиење, ниско ниво на кислород во крвта и анемија, затоа што срцевиот мускул не добива доволно кислород. Ова го гледаме кај пациенти со акутен коронавирус, но е помалку често кај тие што ја прележале болеста. Крвните тестирања покажуваат дека за време на ковид-19 некои луѓе имаат покачено ниво на супстанца која се вика тропонин во нивната крв, заедно со ЕКГ промени и болки во градите. Покачени нивоа на тропонин се знак на оштетено срцево ткиво. Понекогаш ова е вид на срцев удар, пишува Хопкинс медисин .
Интервентниот кардиолог, доктор Иван Милев, исто така, јавно има кажано во интервју за „Слободен печат“ дека ковид инфекцијата може да му наштети на кардиоваскуларниот систем:
Ковид инфекцијата може да наштети на кардиоваскуларниот систем на неколку начини, пред сè воспаление на срцевиот мускул такаранечен миокардит, хиперкоагубилност на крвта… Тешките форми на ковид се ризик за тромбози и може да доведат до зголемување на инциденцата на нагла срцева смрт и срцев удар кај младите луѓе и зголемување на мозочните удари кај младите луѓе од истата причина… (од 2 до 3 минута на видеото)

Студија од 2022 година  објавена во Нејчр Медисин покажа дека лицата со ковид-19 имаат повисок ризик од кардиоваскуларни болести и дека дел од нив ќе имаат срцев удар.

Истражување, во кое беа вклучени повеќе од 150 илјади луѓе со ковид-19, покажа дека инфекцијата може да го зголеми ризикот од срцев удар, како и други болести на срцето и крвните садови, аритмии, тромбови итн.

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикале смрт, а има докази дека спасиле животи. Стапката на смртност од ковид-19 во Англија беше 10 пати повисока кај невакцинираните отколку кај вакцинираните меѓу јануари 2021 и мај 2022 година.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Нема докази дека вакцините против ковид-19 се одговорни за зголемувањето на мозочните и срцевите удари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...