fbpx
Таг: ветување

таг: ветување

Мета факт: Споровозно се исполнува ветувањето за чистење на депониите во Источен и Североисточен регион

Од 2020 година до денес, во континуитет се одолговлекува чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата во Источниот и Североисточниот плански регион. Причините за одложувањето беа од изборот на компании и надзор над работите што ќе ги чистат депониите, преку потребата од изработка на неопходната урбанистичка документација од општините за овие локации, до проблематизирањето на изградбата на современата регионална...

Вистиномер: Сите сакаат нов Клинички центар, нема јунак да го изгради

Нов клинички центар најавуваа сите власти во изминативе десетина години, партиите го ветуваа во изборните програми како клучен капитален објект, се распишуваа тендери, се склучуваа договори, се фрлаа лопати… Изградба на современ медицински центар ветуваа сите министри за здравство од 2010 година, почнувајќи од Бујар Османи, па Никола Тодоров, Арбен Таравари, Венко Филипче до сегашниот Беким Сали, и според...

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата предводена од СДСМ и...

Мета факт: Делумно исполнето ветувањето на владата за помош на општините за набавка на нови контејнери и канти

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа во периодот 2020-2024 година има ветено дека до крајот на 2024 година ќе обезбеди директна поддршка за набавка на 10.000 канти и контејнери на годишно ниво за општините како помош за заштита на животната средина. Ова владино ветување го оценуваме дека е во тек со спроведување и е делумно исполнето до...

Рестрикции, чуден мирис и вкус – сè уште нема решение за водата за пиење во Тетово

Како последица на врнежите од дожд, водата што доаѓа од изворите на Лешница е заматена и ги известуваме граѓаните дека работата на станицата за филтрирање е запрена. Ова го соопштија вчера од општинското јавно претпријатие ЈКП „Тетово“. Но, ова не е прв пат. Секоја година во текот на месец октомври во Тетово, покрај што е матна, водата за пиење...

Порталб: Студентите на ДУТ и оваа година без студентски дом

Студентите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и оваа академска година ја почнаа без студентскиот дом, и покрај големата потреба на студентите од другите градови и регионот што студираат на овој универзитет. Градежните работи на студентскиот дом се завршени, а во постапка е поставување на мебелот. Властите постојано ги пролонгираа крајните рокови за овој студентски дом. Од Министерството за...

Општина Тетово сè уште не ги објавила договорите на дело за третото тримесечие од оваа година

Иако неговото објавување на секои три месеци беше ветување на раководството на Општина Тетово, списокот на лица ангажирани со договор на дело во општината за периодот јули-септември 2022 година сè уште не е објавен. Од општината велат дека списокот сè уште не е готов, но штом го подготват ќе го објават, пишува Порталб.мк. Засега не се знае колку лица преку договори...

Бесплатни часови по пливање за 1.000 првачиња и деца со попреченост во Општина Аеродром

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски: Ветување: Бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски,  во јануари на презентацијата  на општинскиот Буџет за 2022 година, меѓу другото, вети и бесплатното пливање за сите првачиња од основните училишта во Аеродром,...

Јакимовски вети бесплатна возачка за млади, Општина Карпош ќе субвенционира 50 отсто од трошоците за обука

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски:   Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања, меѓу другото, го даде и следното ветување: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и...

Не се знае дали булеварот „Благоја Тоска“ ќе биде готов наесен, Општина Тетово молчи (ВИДЕО)

Толку многу ветуваниот и многу дискутиран булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, никако да се доврши и да се растовари сообраќајниот хаос. Иако беше ветено дека булеварот ќе биде готов во текот на есента, работите таму се изведуваат со слаб интензитет, тврдат граѓаните коишто ја користат оваа сообраќајница. Од општината молчат за тоа кога ќе завршат градежните работи, пишува Порталб.мк. Се...

Се гради 8 години, потребни се уште 4 години за објектот на Театарот и библиотеката во Тетово да биде завршен

Иако во октомври лани имаше најави дека објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе биде готов во 2025 година, тоа нема да се случи. Завршувањето на работите на овој објект, кој почна да се гради во 2014 година, се продолжени за уште една година, дознава Порталб.мк. Новата зграда на тетовскиот театар се ветува веќе 12 години, се гради 8...

Сè уште не се знае дали Студентскиот дом во Тетово ќе биде готов за есенскиот семестар

Иако градежните работи се завршени, Студентскиот дом во Тетово сè уште не е готов, бидејќи не е поставен неопходниот мебел. Ветувањата на надлежните постојано се одолговлекуваат, а не се знае дали домот ќе биде готов за претстоечкиот семестар. Во тек е постапката за набавка на мебел, пишува Порталб.мк. Иако Студентскиот дом во Тетово претставува голема потреба за студенти од надвор...

Порталб: Ветувањето на Касами за нови паркинзи во Тетово останува неисполнето

Пред да дојде на чело на Општина Тетово, Биљал Касами вети дека за помалку од шест месеци ќе се изградат околу седум катни гаражи од челична конструкција. Но, тоа досега не се случи. На 4 мај навршија шест месеци откако Касами ја презеде функцијата, а Општина Тетово неодамна, поточно на 15 април објави јавен оглас за изградба на затворени...

Порталб: Иако градоначалникот Беџети вети, работите на поликлиниката Сарај не завршија во февруари

Иако градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, рече дека во февруари ќе завршат градежните работи на поликлиниката во оваа општина, тоа не се реализира. Според сликите од терен, работите во овој објект продолжуваат. Работите нема да завршат најмалку уште еден месец, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во јануари годинава Беџети изјави дека работите ќе завршат во февруари и потоа...

Порталб: Првата фаза од два километра од автопатот Скопје-Приштина не заврши во февруари

Директорот на ЈП „Македонски патишта“ ја продолжи „традицијата“ на своите сопартијци, за давање ветувања кои не исполнуваат, а се поврзани со изградбата на автопатот Скопје – Приштина, пишува Порталб.мк Текстот подолу го пренесуваме во целост: Иако се ветува долги години, Северна Македонија сè уште не успеа да ги изгради ниту првите два километра од овој автопат. Директорот на ЈП „Патишта на...

Вистиномер: Основците од Општина Аеродром не добија таблети

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, коешто го оцени како неисполнето. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Таблет за секое дете Општината ќе обезбеди таблети за секое дете од 1 до 9 одделение и со тоа ќе ја подигне свеста за дигитализација и модерното време, со што ќе го олесниме товарот на буџетот на...

Порталб: Ганиу сѐ уште не го исполнил ветувањето за катни гаражи во Чаир

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, повеќе од четири години ветува изградба на катни гаражи. Откако во првиот мандат не го исполни ова ветување, во пресрет на изборите за втор мандат, Ганиу повторно излезе со истото ветување за изградба на катни гаражи, пишува Порталб.мк. Висар Ганиу рече дека проектот ќе се реализира во соработка со бизнисменот од Косово, Беџет Пацоли, односно...

Вистиномер: Полошките општини започнаа да го носат комуналниот смет во депонијата Русино

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ за ветување на тетовскиот градоначалник Биљал Касами:   Ветување – Оптимални услови веќе се создадени за депонирање на отпад во Русино. Имаше административни проблеми во делот на општините, кои треба да платат побарувања кон претпријатието. Ние најдовме законска можност иако имаме блокирана сметка да ја платиме обврската. Се надеваме дека за една недела ќе...

Вистиномер: Веќе четири години како се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Ветувањето за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е во тек на реализација. Овој патен правец, како дел од Паневропскиот коридор 8, се наоѓа меѓу стратешките приоритети и високо нa агендата во многу изборни програми на политичките партии и на досегашните влади, но неговата изградба постојано се пролонгираше. Договорот за заемот од Светска банка за изградба на овој експресен...

Арсовска: Исчистивме 150 диви депонии низ Скопје, ако има уште, пријавете ги

Чистењето на дивите депонии на територијата на Град Скопје е еден од проектите за коишто скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека се исполнети во првите 82 дена од нејзиното раководење со главниот град. Таа рече дека во текот на предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а досега успеале да исчистат над 150. Арсовска изјави дека за првпат...