Порталб: Иако градоначалникот Беџети вети, работите на поликлиниката Сарај не завршија во февруари

Фото: Вистиномер

Иако градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, рече дека во февруари ќе завршат градежните работи на поликлиниката во оваа општина, тоа не се реализира. Според сликите од терен, работите во овој објект продолжуваат. Работите нема да завршат најмалку уште еден месец, пишува Порталб.мк.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Во јануари годинава Беџети изјави дека работите ќе завршат во февруари и потоа ќе остане Министерството за здравство да ја набави опремата и поликлиниката да почне со работа.

„Изведувачите ми рекоа дека својот дел од работата ќе ја завршат во февруари и потоа ќе остане Министерството за здравство да ја обезбеди опремата. Бев во комуникација со министерството уште при одобрувањето на буџетот, при што ме уверија дека имаат таква опрема и се разбира дека очекувам поликлиниката да биде пуштена во употреба како што е предвидено“, изјави Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.

[Извор: ТВ 21 – датум, 23.01.2022]

 

Поликлиника Сарај, Фото: Порталб.мк (25.03.2022)

Бидејќи ветувањето за оваа временска рамка не е реализирано, Беџети пред неколку денови даде уште едно ветување за истото, при што рече дека останатите фази ќе бидат завршени во рок од 45 дена, по што клиниката ќе биде пуштена во употреба.

„Процедурата  за медицински персонал и друг персонал е започната, поточно од здравствениот дом, според законот, тоа се одвива преку Фондот за здравство, Министерството за здравство и Министерството за финансии, каде исто така ги има  поминато филтрите. Максимум за 45 дена, се надевам и верувам дека ќе се завршат уште порано, но ова е рокот кога треба да се завршат. И Општината, за другиот дел што го има, за физичката поделба на градежната парцела ја има започнато постапката и сé е при крај“, изјави Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.( Извор: ТВ 21)

Поликлиника Сарај, Фото: Порталб.мк (25.03.2022)

Да потсетиме, поликлиниката во Сарај се ветуваше со години. Во кампањата за локалните избори во 2017 година, актуелниот градоначалник Блерим Беџети, кој тогаш беше кандидат за градоначалник, вети дека доколку победи на изборите, клиниката ќе биде готова во 2018 година.

„Јавно ветивме дека во 2018 година ќе стартуваме со поликлиниката Сарај. Тоа ќе се направи во соработка со Владата на Македонија како што налагаат законите. Општината ја додели парцелата за поликлиниката, има и одлука на Владата за што во буџетот за 2018 година се предвидени средства и изградбата ќе започне. Општината ќе се погрижи само за локацијата, а другото е препуштена на централната власт и нема потреба од наши притисоци“, рече Беџети. (Извор: Порталб.мк)

Инаку, ова ќе биде првата Поликлиника во Сарај, која има 23 населени места, распространети на површина од 229 квадратни километри и, според последниот попис на населението, има 38 399 илјади жители.