Порталб: Првата фаза од два километра од автопатот Скопје-Приштина не заврши во февруари

-

Директорот на ЈП „Македонски патишта“ ја продолжи „традицијата“ на своите сопартијци, за давање ветувања кои не исполнуваат, а се поврзани со изградбата на автопатот Скопје – Приштина, пишува Порталб.мк

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Иако се ветува долги години, Северна Македонија сè уште не успеа да ги изгради ниту првите два километра од овој автопат. Директорот на ЈП „Патишта на Македонија“, Ејуп Рустеми пред неколку месеци изјави дека првата фаза, од два километра, ќе биде завршена во февруари годинава. Сепак, во овој месец, првата фаза не беше готова.

„Автопатот Скопје – Блаце, во првите два километри се работи согласно динамиката што е предвидена сои проектот. Предвидено е да заврши до февруари 2022 година. Од работата што во моментов се изведува на терен, задоволни сме и се работи согласно предвидената динамика. Се надеваме дека од октомври ќе започне првото асфалтирање во патната делница Скопје Блаце“, изјави Ејуп Рустеми – директор на ЈП „Патишта на Македонија“.

[Извор: ТВ 21 – Изјава на Рустеми, датум, 29.06.2021]

 

Тој дури рече дека во првата половина од годинава ќе започне изградбата и на останатите 10 километри.

„Исто така, преземаме подготвителни дејности за нови капитални инвестиции за оваа година, како што се подготовка на документација за тендери за изградба на автопатот Кичево – Букојчани во должина од 10 километри, изградба на втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10 километри, кои се очекува да започнат во првата половина од годинава, а особено проектите поврзани со Договорот со Бехтел и Енка, со кои очекуваме да се изградат автопати во должина од над 120 километри. Сето ова ветува дека и годинава ќе имаме реализација на капиталните инвестиции“, изјави Рустеми (Извор – Порталб.мк.)

Според она што се гледа на терен, првата фаза не е завршена.

Влада на Северна Македонија во јануари 2020 година го потпиша договорот со една градежна компанија да ги започне работите за првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, кој ќе ги поврзе Северна Македонија со Косово, преку автопатот „Арбен Џафери“, со што Скопје и Приштина ќе бидат автопатски поврзани. Автопатот ќе биде долг 12 километри, а ќе чини 120 милиони евра.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...