fbpx
Таг: вештачка интелигенција

таг: вештачка интелигенција

Шорткат: Над 3.800 смртни случаи годишно поради аерозагадувањето во земјава

Загрижувачки податоци од Институтот за јавно здравје. Во Македонија годишно има над 3.800 смртни случаи кои можат да се препишат на аерозагадувањето. Повеќе за извештајот дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади, кои од оваа епизода се со освежен визуелен идентитет, ви носиме информации за студентите и партиципацијата што тие (ќе) ја плаќаат на УКИМ, за годинешното...

„X“ ги блокира пребарувањата за Тејлор Свифт по објавата на дипфејк фотографии од пејачката

Социјалната мрежа „X“ ги блокираше пребарувањата за Тејлор Свифт по појава на експлицитни слики од пејачката создадени со вештачка интелигенција, соопшти Би-би-си. Во изјава за Би-би-си, шефот за деловни операции на „Х,“ Џо Бенарох, кажал дека ова е „привремена мерка“ за да се даде приоритет на безбедноста. Кога пребарувате за Свифт на страницата, се појавува порака: „Нешто не е во ред....

Дипфејк фотографии од Тејлор Свифт предизвикаа барања за нова легислатива во САД

Американски политичари повикуваат на нови закони за криминализирање на создавањетo дипфејк фотографии откако на интернетот се појавија експлицитни дипфејк слики од Тејлор Свифт кои за само неколку дена биле прегледани милиони пати, пишува Би-би-си. Во соопштение од социјалната мрежа „X“ се вели дека активно се отстрануват сликите и се преземаат „соодветни мерки“ против профилите вклучени во нивното ширење. „Внимателно ја следиме...

„Часовникот на Судниот ден“ останува 90 секунди до пропаста на човештвото

„Часовникот на Судниот ден“ кој симболично покажува колку светот е блиску до апокалипса и истребување на човештвото, останува на 90 секунди „до полноќ“, што е најблиску досега откако беше создаден, соопшти панелот од меѓународни научници. Часовникот секоја година го поставува Билтенот на атомските научници кои велат дека „застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат светот кон глобална катастрофа“. Минатата година, Билтенот го...

Лажен роботски повик од „Џо Бајден“ им кажува на гласачите да ги прескокнат прелиминарните избори во Њу Хемпшир

Лажен телефонски повик со глас за кој се тврди дека е на американскиот претседател Џо Бајден ги повикува гласачите во САД да ги прескокнат прелиминарните избори во Њу Хемпшир што се одржуваат денеска. За случајот е отворена истрага, а сомневањата се дека аудиоснимката е генерирана со помош на вештачка интелигенција, јавува Би-би-си. Во моментов не е јасно кој ја создал...

Нема докази дека Евреите киднапирале и злоупотребувале деца во пронајдените тунели во Њујорк

Визуелни елементи, изработени со алатки за вештачка интелигенција се користат како потврда дека Евреите се пријатели и финансиери на „сите антимакедонски партии“, што не е точно. А, всушност, станува збор за ширење говор на омраза против припадниците на еврејскиот народ на начин и со методи кои доведоа до геноцидот во Втората светска војна. За сето ова искористен е локален...

Германски експерти: Вештачката интелигенција може да влезе во училиштата, но не прерано

ChatGPT и другите алатки за вештачка интелигенција имаат голем потенцијал за употреба во училиштата, но со одговорност и со промоција на учењето, изјавија германски експерти во средата, пренесе германската новинска агенција ДПА. Постојаната научна комисија на германската конференција на министри за образование, која ги обединува федералните и државните министри, препорача краткорочна преодна фаза за систематско тестирање на алатките за вештачка...

ММФ: Вештачката интелигенција ќе погоди 40 отсто од работните места и ќе ја влоши нееднаквоста

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе влијае на речиси 40 отсто од сите работни места, покажува нова анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Управниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, вели дека во повеќето сценарија, вештачката интелигенција најверојатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост, пренесува Би-би-си. Георгиева додава дека креаторите на политики треба да се осврнат на „вознемирувачкиот тренд“ за да спречат „технологијата дополнително да...

Вештачката интелигенција и правата на интелектуална сопственост – тешките битки претстојат

Американските актери и сценаристи во 2023 година се впуштија во штрајк, во кој еден од главните барања им беше да се регулира користењето на творбите генерирани од вештачката интелигенција. Најголемиот американски синдикат за актери (SAG-AFTRA) бараше поголема заштита при реплицирањето на лицата и гласовите на актерите со помош на вештачка интелигенција, додека сценаристите од САД здружени во синдикатот на...

Дезинформациите од вештачката интелигенција како „најголема краткорочна закана за глобалната економија“

Според Светскиот економски форум (СЕФ), бранот на дезинформации кој произлегува од вештачка интелигенција може да влијae на идните избори и претставува најголема краткорочна закана за глобалната економија, соопшти Гардијан. Советот го свика годишниот форум во Давос следната недела, а во меѓувреме, во својот годишен извештај за глобални ризици изрази загриженост во врска со политиката која може да биде нарушена со...

Вештачката интелигенција поттикнува измами на социјалните мрежи, тврди Европол

Криминалците можат со помош на вештачката интелигенција да целат кон илјадници лица одеднаш, а најподложни на удар се корисниците на онлајн апликации за запознавање нови луѓе и социјалните мрежи. Експерти од Европол предупредуваат дека вештачката интелигенција во комбинација со случувањата во Украина и на Блискиот Исток овозможува зголемување на бројот на онлајн измами, пишува Гардијан. Врвните експерти за финансиски криминал...

Вештачка интелигенција во училиштата: Германските наставници бараат поддршка

Германското здружение на наставници смета дека се потребни подобри услови во Германија за да може адекватно да се обработи темата за вештачката интелигенција во училиштата, јавува германската новинска агенција ДПА. „Би било важно училиштата да добијат анонимен, т.е. пристап во согласност со заштитата на податоците за употреба на големи јазични модели и сложени програми за преведување, како и програми за...

Њујорк Тајмс ги тужи ОпенАИ и Мајкрософт за прекршување на авторските права

„Њујорк Тајмс” (New York Times) ги тужи „ОпенАИ” (OpenAI) и „Мајкрософт” (Microsoft) за прекршување на авторски права тврдејќи дека се преземени милиони написи на Тајмс за употреба на ChatGPT, соопшти Гардијан. Тужбата за прекршување на авторските права беше поднесена пред федералниот суд на Менхетен во средата и тврди дека иако компаниите копирале информации од многу извори за да ги изградат своите...

Актерот Даг Какл – „гласот на Вичер“ со коментари за вештачката интелигенција кои одекнаа во светот на гејмингот

Актерот Даг Какл (Doug Cockle) што оригинално и најдобро го интерпретираше и создаде тоналитетот и интонацијата на глас на ликот на „Witcher“ (Вичер) - Гералт од Ривија во видеоигрите од кои најпопуларна е „Witcher 3: The Wild Hunt (и која моментално е на 75% попуст на платформите Steam и GOG) го изрази своето мислење за употребата на вештачка интелигенција...

Шорткат: Зошто да учам кога имам AI?

Во рамките на 19-тата Меѓународна конференција е-Општество.мк, во Тетово се одржа настанот „Cyber Shake“, на кој младите дебатираа на темата „Зошто да учам кога има вештачка интелигенција?“. Главните поенти што беа истакнати од говорниците ги пренесуваме во новата епизода на „Шорткат“. Информираме и за интересните резултати од истражувањето „Младински аспирации за кариера и вештини“, а носиме вест и за обуката...

Дезинформациите со злоупотреба на вештачката интелигенција можат да бидат штетни за изборите

Последната сесија од денеска одржаната меѓународна конференција „е-Општество.мк“, што Фондацијата Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат, беше посветена на проблемот на дезинформациите и злоупотребата на вештачката интелигенција за штетно влијание врз демократијата, односно, поконкретно врз изборите и размислувањето на гласачите. На темата „Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес“ говореа: Јан Цингел, основач и претседател на „Strategic analysis”...

Е-Општество.мк: Вештачката интелигенција е неизбежна, но ако не се почитуваат законите може да биде опасна

Во светот има повеќе уреди поврзани на Интернет отколку луѓе. Статистиката покажува дека благодарение на технолошкиот развој, над 65% од децата кога ќе пораснат ќе работат на работни места кои денес не постојат и ова ја докажува потребата децата да се подготват во областа на технологијата. Вештачката интелигенција е неизбежна, корисна, но доколку не се почитуваат законите и прописите,...

Фондацијата Метаморфозис создава коалиција за одговорна вештачка интелигенција

Фондацијата Метаморфозис го почнува процесот за формирање Коалиција за одговорна вештачка интелигенција (ВИ), која треба да собере чинители од повеќе сектори, соопшти Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата, затворајќи го годинашното издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“, што Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат. Како што појасни Јашари во завршницата на конференцијата што се одржа во Скопје, коалицијата треба да опфати...

Конференција „Е-Општество.мк“: Вештачката интелигенција создава можности за иновација, но покренува и загриженост за заштитата на човековите права

Вештачката интелигенција (ВИ) создава можности за иновации во различни области, меѓутоа овој брз напредок на технологијата покренува загриженост за тоа како да се заштитат основните човекови права. Постигнувањето на рамнотежата меѓу иновацијата и одговорноста е суштинско за да се обезбеди дигитален пејсаж што го опфаќа адресирањето на прашања како што е приватноста, предрасудите, дискриминацијата и етичкото користење на ВИ...

Камил Сливовски: Вештачката интелигенција нè прави попродуктивни, но потребни се регулации и свесно користење

Возбудувачки е на колку сè нови начини ќе се користи и веќе се користи вештачката интелигенција (ВИ) во нашите животи, но мора да сме претпазливи со новоотворената „Пандорина кутија“. Ова беше заклучокот на Камил Сливовски, дизајнер на активности и содржини за учење од полската организација ИНКО (Полска), за време на 19-тото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк што се одржува...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...