fbpx
Таг: Вања Ѓорчевска

таг: Вања Ѓорчевска

Текот на настаните за двојното убиство: подготвено барањето за екстрадиција на Палевски, пријава има и за возачот

Двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, предизвика поплава од шпекулации и дезинформации. За само 12 дена (22 ноември - 3 декември) - период во кој се случија двете убиства и во кој на петмина осомничени им беше определен притвор, се размножија толку верзии за трагичниот настан што можат во сериозна заблуда да ја доведат...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни аршини за дезинформациите околу двојното убиство

Кратка анализа на јавната комуникација на двете главни политички партии од власта и опозицијата околу двојното убиство што ја потресе земјата, покажува разлики меѓу двете партии: СДСМ, сепак, делуваше поодговорно, додека ВМРО-ДПМНЕ – дури и ако се земе предвид легитимитетот на опозицијата да поставува прашања или предизборниот период – ја занемари одговорноста кон јавноста и придонесе наместо за смиреност,...

Почна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција во Македонија

Министерството за правда од надлежните турски власти побарало Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, кој беше фатен во Турција, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката. „Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање“, велат од Министерството за правда. Утринава во 09:20 часот Министерството добило официјално...

Политичка и етничка злоупотреба на трагичната смрт на Вања

Јавноста деновиве беше „бомбардирана“ со дезинформации за случајот со тинејџерката Вања Ѓорчевска, која на 27 ноември беше киднапирана во сред Скопје, во време на главниот сообраќаен шпиц додека одела на училиште, а по една недела беше најдена мртва во атарот на скопското село Бразда. Се ширеа невистини и од етнички и политички побуди, сакајќи некој да профитира и од...

Богобојазливи радикални десничари осомничени за двојно убиство и обединети во политичката партија „ДЕСНА“

Споени три прста за светото тројство како заштитен знак. Фантомка и мачета пред карта на „Голема Македонија“. Собирање потписи и донации за „одбрана на името на МПЦ“. Свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, на кое му претходела уште една ликвидација, на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Она што е неспојливо само навидум и што би било инспиративна приказна...

Спасовски: Монструмот е фатен, Љупчо Палевски уапсен во Турција

На 30 ноември, три дена по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која е грабната од нејзиниот влез кога тргнува на училиште од скопско Дебар Маало и една недела по убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, осомничениот за убиствата, Љупчо Палевски Палчо тргнува за Србија. Го вози неговиот адвокат, на кој Палевски му кажува дека треба да...

Приведено лице под сомнеж дека му помогналo на Палевски да избега од Бугарија во Турција

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил - Помагање, извести обвинителството. Лицето се сомничи дека со автомобил Ланд Ровер му помогнал на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да избега од Бугарија во Турција. Сомневањето...

Обдукцијата е завршена, телото на Вања е предадено на семејството

Обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело беше пронајдено во неделата е завршена, потврдија од Јавното обвинителство. Наодите треба да покажат кога настапила смртта кај младото девојче и на кој начин таа била убиена, со оглед на тоа што во јавноста се шират голем број различни информации. Обдукцискиот наод треба да биде доставен до обвинителството, но оттаму нема да...

Случајот со Вања злоупотребен за да се обвини ЕУ за неспособност

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје се злоупотребува без никакви аргументи да се нападне ЕУ како немоќна и небезбедна. Исчезнувањето на деца не е поврзано со членство во Унијата, туку е глобален феномен кој буквално го има во сите држави од светот. Станува збор за светска проблематика која не може да се доведе во корелација со дискусија за...

Притвор за таткото на убиената Вања, за Палевски истрага за убиство и грабнување

Вечерва 48-часовен притвор доби петтоосомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. „Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и уништување докази, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот обвинител и на четвртиот приведен му определи мерка притвор од 48 часа“, изјавија од судот. Од она што го кажале...

МВР контра Јанушев: Не е точно дека пред пет дена е пријавено убиството на Вања

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево се огласи со демант на наводите што ги изнесе Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој на партиска прес конференција денеска кажа дека „Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена!“ „МВР најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев...

МВР: Против Палевски биле поднесени серија кривични и прекршочни пријави од 2000 година наваму

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информираше дека против Љупчо Палевски, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, во минатото се поднесени најмалку пет кривични и неколку прекршочни пријави. „Ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се...

Спасовски: Ова е изолиран случај, јавната безбедност не е загрозена

На денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето дали е загрозена јавната безбедност, потенцираше дека ова е изолиран, инцидентен случај кој имал организатори и имал крајна цел – да изнудат пари. „Ова нема врска со јавната безбедност, генерално“, рече Спасовски. Тој потенцираше дека, според информациите на МВР, девојчето е грабнато внатре во влезот во зградата во...

Љупчо Палевски осомничен за убиство на 14-годишната Вања, вмешан бил и таткото

Љупчо Палевски Палчо е организатор и извршител на двете убиства, на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Нему, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, му се следи трагата и тој е заминат заедно со неговиот адвокат за Белград, а од таму, следниот ден, за Бугарија. За Палевски ќе биде распишана меѓународна потерница. „Ќе сторам...

Цвет, солзи и пишан збор за збогум: Расплаканите другари се простуваа со нивната другарка Вања

Молк, солзи и траурна атмосфера денеска владееше во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“. Расплакани деца, расплакани наставници и родители, со цветови во рацете и наведнати глави, чекаа во ред да се потпишат во книгата на жалост, која беше отворена утрово за убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска. Голема слика со нејзиниот лик, прекриена со црна лента, беше поставена на катедра пред влезот на...

Првоосомничениот Љ.П. поврзан со убиството на Вања е во бегство, тројца вечерва ќе бидат спроведени во „Шутка“

Во околината на Скопје денеска беше пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска, додека во околината на Велес е пронајдено телото на 74-годишниот Панче Жежовски кој беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. Жежовски беше претседател на Унијата на ветерани на партијата Единствена Македонија. Неодамна излезе на прес-конференција, со поддршка до пензионерите за нивните барања за линеарно зголемување на пензиите....

Пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, соопштија МВР и обвинителството. Воедно, во околината на Велес е пронајдено и телото на Панче Жежовски (74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат,...

Обвинителството бара притвор за тројца од петмината приведени за исчезувањето на Вања

Основното јавно обвинителство бара притвор за тројца од петмината кои беа приведени вчера, а се поврзани со случајот за исчезнувањето на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, информираат оттаму. „Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази. За тројца од петмината приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...